verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Медиумскиот простор не треба да се злоупотреби со лични коментари

on 10 - 01 - 2020       

Медиумскиот простор не треба да се злоупотребува. Било која форма на изразување или пишување во медиумите може да се објави во соодветната категорија, која е поделена врз основа на неколку критериуми. Новинарот или редакцијата може да ја објават својата позиција, но во посебни категории како едиторијал или мислење, а не во категоријата вести

Artikulli origjinal: A më mirë Ali Ahmeti të largohet nga politika, apo të mbetet edhe më tej?

Оригинален напис: Дали е подобро Али Ахмети да си замине од политиката или да остане и понатаму?

Линк до оригиналниот напис: „Дали е подобро Али Ахмети да си замине од политиката или да остане и понатаму“   A më mirë Ali Ahmeti të largohet nga politika, apo të mbetet edhe më tej?

Датум на објавување: 12.12.2019

Датум на рецензија: 15.12.2019

Рецензира: Фатлуме Дервиши

Коментарите како дел од веста

Наслов кој е во прашална форма најавува текст што одговара. За поставеното прашање на авторот може да има неколку гледни точки и затоа се пројавува интерес за тоа како може да се третира. Сепак, оуште во првите неколку реченици се нагласени субјективните коментари на авторот.

„Оваа дебата не привлекува внимание како во минатото, затоа што ДУИ сега е значително ослабен субјект чиј опстанок повеќе не зависи од Албанците од кои значително ја изгуби поддршката, туку од поддршката на македонските партии“.

Ваквото субјективизирање не се толерира според професионалните стандарди.

„Новинарите мора да прават разлика помеѓу факти и мислења, помеѓу вести и коментари“ – пишува во Кодексот за етика на новинарите.

Јасно напишано дискредитирање

По личните коментари што ги дал, авторот го цитирал вицепремиерот Бујар Османи за евентуалното заминување на Ахмети од политиката. Откако го цитирал, авторот го коментирал и дискредитирал Османи, додавајќи по неговата изјава дека, „бидејќи се работи за функционер на ДУИ осомничен за кривично дело, ние веруваме дека неговата позиција не е ниту реална, ниту неутрална, и може дури да биде манипулативен став за лична корист“.

Никој не кликнува на вест за да види што мисли новинарот. Кај вестите, мислењето на новинарот, изразот „јас мислам“ или „ние мислиме“, се целосно ирелевантни. Вестите се читаат за да бидеме информирани објективно за темата која се третира.
Ако новинарот смета дека ставот на изворот за градење на веста што ја пишува е нереален и манипулативен, тој може да избере да не го цитира.

Техники на манипулација

Авторот користел неколку методи на манипулација. Користени се селективни докази. Имал тенденција да укажува на факти кои зборуваат за претензија и игнорирање на фактите што се контра неговите лични ставови. Иако беше цитиран Османи како ја брани идејата дека Ахмети не треба да ја напушти политиката, тој по изјавата, во самиот текст е дискредитиран. Поради оваа причина, имаме метод за личен напад или на аргумент против човек, во случајов против Османи, јасно пишувајќи (од авторот), дека мислењето на Османи не вреди. Авторот имал тенденција да ја потврди својата гледна точка со потсетување, фаворизирање и следење на информации што ги потврдуваат таквите погледи.

За читателите

Некои аналитичари, познавачи на политика, можеа да дадат свои ставови за оваа тема и новинарот да ги цитираше без да даде своја проценка и да го напише текстот на непристрасен начин. Исто така, ставот на функционерите на партијата на Ахмети е многу важен, но не е професионално тие да бидат нападнати и дискредитирани само затоа што го даваат своето мислење. Субјективните вести и со некаква позадина, како веста што ја разгледуваме, брзо се детектираат затоа што во отсуство на оригинални информации, авторите ги полнат со субјективни коментари, етикетирања и критики.

Овој напис е преземен од проектот “Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, кој е спроведуван од Фондацијата „Метаморфозис“ и ЕВРОТИНК. Проектот е финансиран од Европската Унија. Ставовите и мислењата изнесени во овој напис не секогаш ги одразуваат оние на ЕУ. Написите од „Критинк“ се слободни за преземање со наведување на изворот и без измени и кратења.

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

Претплатете се за најнови вести