verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

„Медиумскиот антисемитизам“ со спин се обиде да поттикне вистински антисемитизам

on 24 - 02 - 2020       

Илустрација

Сите се зачудивме од тоа како се актуелизира прашањето за антисемитизмот во Северна Македонија и оваа тема не би го привлекувала ниту нашето внимание, доколку не ја коментираа институциите, политичките и државните лидери. Затоа, во оваа статија ќе анализираме како започнал и развил обидот за антисемитизмот, кој ние го нарековме како „медиумски антисемитизам“

Пишува Фатбарда Цури

Се започна со коментар на граѓанскиот активист на социјалната мрежа „Фејсбук“, сега член на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Мерсиха Смаиловиќ. Во својот пост, Смаиловиќ ја критикуваше техничката министерка за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи, која првото интервју реши да го спроведе со знамето на партијата. Едно лице го коментираше овој текст со зборовите: „Сега, Талат (спикерот Талат Џафери), го имаше албанското знаме во канцеларијата и никој ништо не направи, а сега се фативте за Мизрахи“.

Komenti dhe replika e Smailoviqit
Коментар на Смаиловиќ – реплика на претходниот коментар

Но, овој коментар не стана медиумска и политичка тема, туку одговорот што Смаиловиќ го даде: „Знамето (мислејќи за знамето на Талат во канцеларијата), не ја претставува Албанија, туку е знамето на албанската заедница во Македонија, додека нејзиното (мислејќи на Мизрахи), е класично партиско знаме. Да беше „Давидовата ѕвезда, никому ништо“.

 Продолжи со антисемитизам

Споменувањето на „Давидовата ѕвезда“ од Смаиловиќ стана медиумска тема и на неколку политичари. Зошто? „Давидовата ѕвезда“ се смета за еден од еврејските симболи, етничка припадност на која и припаѓа и Мизрахи.  Смаиловиќ, го употреби осврнувајќи се на коментарот за албанското знаме во канцеларијата на Талат, во смисла на еврејскиот етнички симбол. Но, овој факт не беше забележан од некои медиуми или намерно беше игнориран. Што направија некои медиуми? Само употребата на зборот „Давидовата ѕвезда“ во коментарот на Смаиловиќ беше доволно за да се протолкува како нацистичка порака.

„Мерсиха и СДСМ со нацистички пораки: Рашела ја стави „Давидовата sвезда“, напиша „Лидер.мк“

„Нов ранг на нацистички пораки од СДМС: Мерсиха и порача на Рашела да ја стави „Давидовата sвезда“, напиша „Република“

Потоа ова беше претставено и како антисемитизам, што претставува предрасуди и стереотипно однесување кон Евреите и кое честопати преминува во омраза кон Евреите, во зависност од тоа какви чувства буди индивидуата која ја развила оваа навика или мисла. Дека антисемитизмот е форма на говор на омраза, се цени и во Прирачникот „Критинк“. Но, имајќи ги предвид овие елементи, откриваме дека засегнатите медиуми го прекршиле Кодексот на етика на новинарите, со кој им се забранува на новинарите или на медиумите свесно да поттикнуваат говор на омраза, како што се случи во овој случај.

Заврши со кампања

Иако Мерсиха не и порача на Рашела да ја стави „Давидовата ѕвезда“, во стапицата на некои медиуми паднаа и културни институции, политички и државни лидери.

Институтот за културно наследство соопшти, меѓу другото, дека за „Мизрахи, (која) доаѓа од еврејската заедница во Северна Македонија, покрај политичките реакции, за жал имаше и реакции кои изразуваат говор на омраза и антисемитизам“. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ја критикуваше владата за поттикнување говор на омраза против Евреите и ВМРО-ДПМНЕ, нарекувајќи ја политички мотивирана. Со политичко влијание и како предизборна кампања го опиша и лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

И сето тоа предизвика претседателот на државата, Стево Пендаровски да реагира. Тој пред да учествува во Светскиот форум за холокаустот, повика да не се продолжува антисемитизмот: „Неодамна, за жал, изолирани коментари кружеа во јавниот дискурс, кои од членовите на еврејското општество се толкуваа како антисемитизам“.

Но, всушност, немаше ниту антисемитизам, ниту Евреите го промовираа. Единствениот Евреин кој реагираше јавно беше министерката Рашела Мизрахи, која на конференција не им дозволи на новинарите да поставуваат прашања за тоа дали коментарот на Мерсиха кој поттикна дебата за антисемитизамот е погрешно толкуван, а Мизрахи реши да стане жртва и почна да раскажува како било убиено целото нејзино семејство.

 За читателите: Пред избори очекувајте поголемо спинување

Анализирајќи ја целата ситуација, со сигурност може да се каже дека во Северна Македонија не постои антисемитизам, но бидејќи постоеше обид да се поттикне од  некои медиуми слободно можеме да го наречеме „медиумски антисемитизам“. Но, без оглед на тоа, најголемата одговорност е секако на политичарите, кои наместо да ја поправаат грешката на некои медиуми требаше упорно да објаснуваат пред јавноста дека целата оваа ситуација е погрешно толкување. Наместо тоа, она што тие го правеа беа обиди да го обвинат својот противник и да ги направат тема во предизборната кампања.

Овој напис е преземен од проектот “Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, кој е спроведуван од Фондацијата „Метаморфозис“ и ЕВРОТИНК. Проектот е финансиран од Европската Унија. Ставовите и мислењата изнесени во овој напис не секогаш ги одразуваат оние на ЕУ. Написите од „Критинк“ се слободни за преземање со наведување на изворот и без измени и кратења.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести