verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Медиумски отпадок од бракот со полицијата

on 15 - 12 - 2014       

12152014-Denesen-Fotka-crop-resize

[Рецензија на новинарски текст: „Фото: Ова е крадецот кој го украде кофчежето со моштите од Св. Параскева“]

Колку далеку е предалеку кога станува збор за соработката помеѓу полицијата и медиумите? Своевремено еден министер за внатрешни работи рече дека „политичарите и новинарите се во административен брак“, алудирајќи токму на соработката што ја поминува црвената линија меѓу новинарите и полицијата. Какви последици произлегуваат од еден таков неприроден брак, сведочи текстот што го рецензираме.

Медиумска содржина од само две реченици прекршила дури три члена од Кодексот на новинарите и ја искорумпирала улогата на новинарите, утврдена, меѓу другото, и во преамбулата на кодексот за професионално постапување на новинарите.

12152014-Denesen-FotkaЛинк до оригиналниот напис: Фото: Ова е крадецот кој го украде кофчежето со моштите од „Св. Параскева“

Датум и време на објавување: 12.12.2014, 14:39

Датум на рецензирање: 15.12.2014

Рецензент: Зоран Бојаровски

Фотографијата и насловот на оваа медиумска содржина ги упропастила сите професионални стандарди доколку воопшто авторите на оваа информација имале намера да ги испочитуваат.

Објавувањето на фотографијата од темел го сруши вториот став од членот 8 на Кодексот на новинарите,  кој нагласува:

Начинот на информирање во случаи на несреќи, елементарни непогоди, војни, семејни трагедии, болести, судски постапки мора да биде ослободен од сензационализми.

Во судските постапки треба да се почитува принципот на пресумпција на невиност, да се известува за сите инволвирани страни во спорот и да не се сугерира пресуда

Маската на фотографијата, која  треба да го прикрие идентитетот, е смешна и навредувачка за личноста што е изложена на јавност на ваков брутален начин, како и за чувството за правда и за правдина на разумниот дел од јавноста.

Насловот е обвинување, пресуда и стигматизација. Три во едно. Медиумот презел улога на полицаец, судија и на егзекутор.

Тие што стојат зад објавувањето на оваа информација извршиле упад и во приватноста и во човековите права на оваа личност.

Зашто членот 7 од Кодексот е сосема јасен:

Новинарот ќе ја почитува приватноста на личноста, освен кога тоа е во спротивност со јавниот интерес.

Новинарот е должен да ги почитува личната болка и жалост.

Уште попрецизен е членот 10, кој поради својата универзалност е општо правило за сите новинари, без ралика дали тие го прифаќаат овој кодекс или некој друг:

Новинарот нема свесно да создава ниту преработува информации што ги загрозуваат човековите права или слободи, нема да говори со јазикот на омразата и нема да поттикнува на насилство и дискриминација по која било основа (национална, верска, расна, полова, социјална, јазична, сексуална ориентација, политичка…).

Тука можеме да кажеме сосема аргументирано дека не е само медиумот тој што ги крши човековите и другите права што произлегуваат од владеењето на правото. Одговорност за оваа постапка има и институцијата што им ја испорачала оваа фотографијан на „новинарите“ на овој медиум. Единствено полицијата има пристап до ќелиите каде што се приведуваат осомничените.

Со прифаќањето на фотографијата и со нејзиното објавување, авторите на оваа медиумска содржина и уредниците на медиумот, го испоганиле и делот од преамбулата на Кодексот кој истакнува дека:

Следејќи ја својата улога во градењето на демократијата и на цивилното општество, новинарите ќе ги бранат човековите права, достоинството и слободата, ќе го почитуваат плурализмот на идеите и ставовите, ќе придонесуваат за јакнење на правната држава и во контролата на власта и на другите субјекти од јавниот живот.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

можеби

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

нема извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

копија од полициски билтен

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

тврди нешто недокажано

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

дискриминира

политичка дискриминација

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести