verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Мапата за поделба на Косово не е објавена од ЦИА

on 23 - 12 - 2019       

[ВИДЕО: Мапа за поделба на Косово, ја објави ЦИА ]

Сензационалистички текст за чувствителна тема кој изнесува тврдење без да понуди докази или какви било податоци кои можат да ја потврдат веродостојноста на напишаното. Текстот е чиста шпекулација во која се злоупотребува името на една од најголемите служби во светот – Централната разузнавачка агенција (ЦИА).

Линк до оригиналниот напис: Мапа за поделба на Косово, ја објави ЦИА

Датум на објавување: 20.12.2019

Датум на рецензија: 22.12.2019

Рецензира: Симона Атанасова

Билатералниот спор помеѓу Србија и Косово е спор помеѓу две држави на кој не му се наѕира решение во блиска иднина и покрај дијалогот што ги водат двете земји со посредство на Европската Унија.

Размена на територии помеѓу двете држави е едно од можните решенија за спорот за коешто во изминатиот период  беа искажани многу шпекулации и дезинформации .

За властите во Србија и Косово ова е прашање со најголемо ниво на чувствителност па затоа нивните изјави во однос на ова решение речиси секогаш се претпазливи. Високи претставници на земји-членки на ЕУ досега неколку пати истакнале дека се против ваков вид на решение за овој билатерален спор, а официјален Вашингтон не е против оваа идеа ако тоа се изведе мирно.

Медиумот којшто го објавил овој текст тврди дека постои конкретен план на ЦИА за размена на територии со конкретни локации и граници. Притоа за ова не нуди никаква потврда.

Нема никаква изјава од официјални лица претставници на ЦИА дека овој план е реалност. Иако во насловот се тврди дека мапата ја објавила ЦИА, такво нешто нема на нивната веб-страница или било кој официјален комуникациски канал на Агенцијата. Не е побаран ниту став од официјални лица од Србија и Косово да го потврдат или негираат планот за размена на територии кој што наводно го смислила ЦИА.

Написот, всушност, се базира на авторски текст на поранешниот шеф на ЦИА за Балканот, Стивен Мајер, објавен во српски „Недељник“. Тој во текстот ја истакнува оваа идеја која е негово лично мислење, а не на ЦИА. Никаде во неговиот текст тој не вели дека ваквата размена на територии е план на ЦИА. Фактички, тој не го истакнува овој негов план за првпат, туку тоа го правел во неколку наврати порано. Така што, оваа информација не е ниту нова, ниту ексклузивна.

Фотографијата која е искористена за илустрација на текстот, исто така, е проблематична. На неа е претставена мапа со наводниот план на ЦИА за размена на територии, а до мапата во нејзина големина е закачено логото на ЦИА што делува манипулативно.

Но,  за да може на текстот да му се верува тој пред сè треба да има прецизни извори, а не да се базира на чиста шпекулација, која има за цел само да ги разгори страстите на читателите и да собира кликови и коментари на социјалните мрежи.

Овој напис е преземен од проектот “Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, кој е спроведуван од Фондацијата „Метаморфозис“ и ЕВРОТИНК. Проектот е финансиран од Европската Унија. Ставовите и мислењата изнесени во овој напис не секогаш ги одразуваат оние на ЕУ. Написите од „Критинк“ се слободни за преземање со наведување на изворот и без измени и кратења.

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

Претплатете се за најнови вести