Манипулативен наслов, непотребен сензационализам
Објавено во Рецензии
on 10 - 05 - 2016 Автор: Xhenis SulimaniНапис: Се тресе Македонија, Ангелов предупредува за втора епизода на Диво Насеље?!
Претседателот на здружението на „бранителите“, Стојанче Ангелов, го обвинил лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, дека по секоја цена се обидува да предизвика контролирана дестабилизација на Македонија, овојпат преку ГРОМ од Стефче Јакимоски. Според него, Груевски не успеа да предизвика насилство меѓу Албанците и Македонците, а сега е во обид да предизвика конфликт меѓу самите Македонци.
Ангелов ги повикува сите нивни подржувачи денеска во 18 часот да му се придружат на протестот на опозицијата против одлуката на Уставниот суд, што му дава можност на претседателот да ги помилува осудените за изборни неправилности, насилство, педофилија, трговија со дрога.
Тој ги повикува и контрапротестантите да им се придружат во протестот, за да му се каже НЕ на планот за крвопролевање, затоа за вакво нешто, тој бара да не протестираат таму каде што веќе е најавен протестот или доколку веќе се наоѓаат таму, да си одат.
Инаку Ангелов беше најточниот предвидувач на настаните во Диво Насеље во Куманово што се случија на 9 и на 10 мај 2015 година, каде македонската полиција се судри со кумановската група.
Ангелов тогаш изјави дека поранешниот шеф на македонската тајна полиција, Сашо Мијалков, заедно со Никола Груевски, ѝ дал два милиони евра на една вооружена група за да предизвика инциденти во Македонија, како што се случи во Куманово и со нападот врз полициската караула во кумановско Гошинце.
[Рецензија: Се тресе Македонија, Ангелов предупредува за втора епизода на Диво Насеље?!]
Немајќи што да ѝ понудат на јавноста во самата содржина на новинарскиот производ, новинарите често знаат да го привлечат читателот со насловот, притоа намамувајќи го да мисли дека новинарскиот производ ќе го потврди тоа што е напишано во насловот. Таков пример ни се појавува и во овој напис.
Линк до оригиналниот напис: „Се тресе Македонија, Ангелов предупредува за втора епизода на Диво Насеље?!”
Датум и време на објавување: 29.04.2016
Датум на рецензирање: 03.05.2016
Рецензент: Џенис Сулимани
Новинарскиот производ што го рецензираме почнува со тенденциозен наслов:„Се тресе Македонија, Ангелов предупредува за втора епизода на Диво Насеље?!“ Меѓутоа, истиот никаде не може да се потврди во содржината, што подразбира дека станува збор за намерна манипулација со јавноста.
„Претседателот на здружението на „бранителите“, Стојанче Ангелов, го обвинил лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, дека по секоја цена се обидува да предизвика контролирана дестабилизација на Македонија, овојпат преку ГРОМ од Стефче Јакимоски. Според него, Груевски не успеа да предизвика насилство меѓу Албанците и Македонците, а сега е во обид да предизвика конфликт меѓу самите Македонци.“
Од ова разбираме дека Ангелов го обвинува поранешниот премиер, сегашен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, за поттикнување конфликт меѓу Македонците, но во ниеден момент не вели дека има шанси за настан како „кумановскиот“.
„Инаку, Ангелов беше најточниот предвидувач на настаните во Диво Насеље во Куманово што се случија на 9 и на 10 мај 2015 година, каде македонската полиција се судри со кумановската група.“
Текстот се обидува да го потврди тоа што го пренесува преку насловот, поставувајќи паралели дека Ангелов беше предвидувачот за тоа што се случи на 9 мај лани во Куманово, кога македонската полиција се судри со една вооружена група. Меѓутоа, предупредувањето на Ангелов за едно „Куманово 2“ е само едно толкување од новинарот, бидејќи тој во последното изјаснување зборува за конфликт меѓу Македонците, а не за тоа што се кажува во насловот. Насловот го привлекол читателот да влезе во веста, но не и да ја најде вистината. Јавноста бара да чита потврдени, објективни и точни информации, а не коментари или толкувања што се пласираат во форма на вест.
Како заклучок – насловот треба да се совпаѓа со текстот и не треба да биде манипулативен, како тој на текстот што го рецензираме. Не може во наслов да читаме нешто дијаметрално спротивно од тоа за што се пишува во веста.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
не може да се утврди точноста на наводите
делумно
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
неофицијални
релевантни
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
извртување на вистина (спин)
нема лажни информации
не аплиактивно
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
не апликативно
нема контекстуални линкови
стилски неуреден
неповрзан со тагови