Манипулација со фејсбук-статус
Објавено во Рецензии
on 23 - 05 - 2016 Автор: Симона Атанасова[Рецензија: ФОТО: Член на СДСМ слави матура па неможе да протестира]
Овој текст, кој се темели на најобичен принтскрин од нечиј фејсбук–статус, се обидува да ја омаловажи главната цел на протестите на „Шарената револуција“, кои веќе месец и половина се одржуваат низ цела Македонија.
Написот е конструиран врз основа на „фотографија испратена од читател“, но таа е не е проверена од ниту еден друг извор, па како таква остава простор за многу манипулации и шпекулации.
Линк до оригиналниот напис: ФОТО: Член на СДСМ слави матура па неможе да протестира
Датум и време на објавување: 19.05.2016, 21:55
Датум на рецензирање: 20.05.2016
Рецензент: Симона Атанасова
А ОД КАДЕ СЕ ЗНАЕ ДЕКА Е ЧЛЕН НА СДСМ?
„Прекини на протестите за одмори, но прекини и поради матурите. Ова очигледно е пракса кај членовите на СДСМ. Овој статус на социјалните мрежи предизвика реакции кај јавноста. Дел од граѓаните се потсмеваат на статусот на овој член на СДСМ од Штип, кој преку статус на Фејсбук најавува дека поради матурата на неговата ќерка ќе направи пауза во неговото протестирање. Погледнете ја фотографијата од статусот што до нашата редакција ја испрати наш читател“.
Иако на читателите им е понуден само еден принтскрин од нечија објава „Фејсбук“ и притоа е замаглено името на корисникот, сепак се тврди дека напишаното е од член на СДСМ. Не е јасно како е изведен заклучокот дека статусот го напишал член на опозициската партија. Бидејќи нема доказ, многу лесно може да станува збор за лага, па така овој статус може да припаѓа на некој кој нема никаква врска со СДСМ, а може да станува збор и за фото-монтажа.
Па, дури и да се работи за член на СДСМ, нејасно е зошто тоа мора да се истакне и тој човек да се издвои од другите. Протестите на „Шарената револуција“ се граѓански, а не партиски и на нив може да учествува секој што се согласува со барањата кои ова граѓанско движење секојдневно ги испорачува на улиците низ Македонија. Всушност, шаренилото на „Шарената револуција“, освен во боите со кои се облежуваат државните институции за кои се верува дека се вклучени во криминал и во корупција, ја симболизира и разновидноста на луѓето кои учествуваат во тие протести. Имено, меѓу демонстарнитите има личности со различна верска, етничка припадност, од различен пол, возраст и со различни политички определби.
НЕВИДЛИВИ ПОТСМЕШЛИВИ КОМЕНТАРИ
Во написот уште се вели дека „овој статус предзвикал реакции кај јавноста“ и дека „дел од граѓаните се потсмевале“. Но, освен статусот, никаде не се прикажани ниту, пак, се цитирани наводните потсмешливи реакции што ги предизвикала објавата.
Нејасно е и зошто би имало такви наводни коментари. Присуството на протестите на „Шарената револуција“ не е задолжително. На нив може да учествува секој што сака и кога сака. Никаде не постајат ограничувања кога некој може да присуствува на протестот, а кога не. Тоа е оставено на слободата на одлучување на секоја личност присутна на тие протести.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
анонимни
нерелевантни
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
несензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
манипулира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
нема мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
поврзан со тагови