verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Манипулација со етничките чувства во поттикнувачки текст

on 26 - 09 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

fireshot-capture-50-aksion-si-ne-filma-i-policise-maqedona_-http___www-almakos-com_aksion-si-n

 

Напис: Филмска акција на македонската полиција за да уапси еден Aлбанец

Во населбата Млаки во Гостивар во саботата е фатен осомничен што извршил продажба на марихуана.

Тој избегал при обидот да биде претресен од полицијата. Во полициската акција по половина час е уапсен дваесет и осумгодишниот државјанин на Република Албанија со место на живеење во Добри Дол, информираа од Основното јавно обвинителство во Гостивар.

„По наредба на јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство во Гостивар, извршен е претрес во куќата каде што живеел осомничениот, при што е пронајдена дрога во вкупно количество од 3884,2 грама. Обвинителството почнало постапка против осомничениот за вршење на кривичното дело пуштање во промет на наркотични средства од член 215 од Кривичниот законик. Истовремено е направен и предлог за одредување притвор за осомниченото лице, имајќи предвид дека се исполнети законските основи за ова“, пишува весникот „Лајм“.

Основниот суд во Гостивар со одлука го прифатил предлогот на Обвинителството и на осомничениот му одредил притвор во времетраење од 30 дена, се вели во соопштението.

 

[Рецензија: Филмска акција на македонската полиција за да уапси еден Албанец]

Вестите во кои се зборува за полициски акции не треба погрешно да се толкуваат и манипулираат за да се поттикне интерес кај читателите. Конструктивниот пристап на новинарот во такви случаи помага во правилното и објективно информирање.

Текстот што го рецензираме е целосен пренос на соопштението од македонското Јавно обвинителство. Од првата, па сè до последната буква, текстот е прилагоден и преведен на албански јазик и во него не е додаден ниту еден друг детаљ. Освен тоа, ниеден дел од соопштението не е избришан или селектиран. Независно од тоа што авторот се повикал на официјални извори и го цитирал изворот од каде што го обезбедил текстот како целосна копија, ова не го оправдува од новинарската грешка што ја направил, бидејќи во недостиг на аспекти, извори, новинарска обработка, оваа содржина би можела да се смета за обичен плагијат.

„Во населбата Млаки во Гостивар во саботата е фатен осомничен што извршил продажба на марихуана. Тој избегал при обидот да биде претресен од полицијата. Во полициската акција по половина час е уапсен дваесет и осумгодишниот државјанин на Република Албанија со место на живеење во Добри Дол, информираа од Основното јавно обвинителство во Гостивар“.

 

aksion-si-ne-filma-i-policise-maqedonase-screenshotЛинк до оригиналниот напис: „Филмска акција на македонската полиција за да уапси еден Албанец“

Датум и време на објавување: 19.09.2016

Датум на рецензирање: 20.09.2016

Рецензент: Адриан Керими

На текстот му е поставен наслов кој манипулира со етнички флоскули и може да провоцира реакции во оваа насока, а освен тоа тој не се совпаѓа воопшто со текстот (соопштение објавено како вест). Идејата на новинарот или уредникот била преку овој наслов да поттикне интерес кај читателите со целосно погрешен пристап, заборавајќи го етичкиот кодекс и професионалните начела на новинарството.

Факт е дека е уапсен еден Албанец, но акцијата не ја видел новинарот и таквиот коментар не може да го направи туку-така, без да даде факти или поткрепувачки докази. Можеби снимки од полициската акција обезбедил другиот медиум што го цитира авторот, но ова не се докажува во содржината, сè додека не е прикачен ниту еден видеоматеријал.

Како второ, за да не заврши како тенденциозен во насловот, не ќе беше лошо да се каже дека е уапсен албански државјанин. Овој вид наслов би ги поттикнал уште повеќе читателите и, пред сè, би бил во ред и од професионален аспект.

„По наредба на јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство во Гостивар, извршен е претрес во куќата каде што живеел осомничениот, при што е пронајдена дрога во вкупно количество од 3884,2 грама. Обвинителството почнало постапка против осомничениот за вршење на кривичното дело пуштање во промет на наркотични средства од член 215 од Кривичниот законик. Истовремено е направен и предлог за одредување притвор за осомниченото лице, имајќи предвид дека се исполнети законските основи за ова, пишува весникот „Лајм“.

Основниот суд во Гостивар со одлука го прифатил предлогот на Обвинителството и на осомничениот му одредил притвор во времетраење од 30 дена, се вели во соопштението.“

 

Ако се зборува за еден албански државјанин, неопходен е ставот на надлежните власти на Република Албанија. Во овој случај, новинарот можел да земе став од дипломатското претставништво на државата чиј државјанин е уапсениот. Јавен интерес е да се знае дали на уапсениот му е понудена правна помош, дали е информирано неговото семејство и како може неговото семејство да контактира со него.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

2 извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

наклонетост

комерцијална пристрасност, друга пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

во насловот

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

ненаведен автор, наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

поттикнувачки говор во насловот

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести