Заблуди во презентацијата на многу важен документ
Објавено во Рецензии
on 10 - 09 - 2015 Автор: Зоран Бојаровски[Рецензија: Извештај на ММФ е потврда на работата на Владата и демаскирање на лагите на опозицијата]
Уште во насловот на медиумската содржина што ја рецензираме се препознава политичката пристрасност и политичкото читање на последниот извештај на Меѓународниот монетарен фонд за финансиските и за економските переформанси на земјата.
Тоа, политичкото читање и интерпретација на извештај кој се прави според строги утврдени мерења на многу финансиски, економски, законски и политички параметри, во медиумската презентација создава конфузија и сеење магла што имаат единствена цел – да ги скријат суштинските препораки од извештaјот.
И самите експерти и бизнисмени веднаш реагираа и алармираа дека Владата не треба извештајот да го чита само политички и постојано да истакнува дека земјата е со ниско ниво на јавен долг, туку да работи на воведување механизми што ќе го сопрат трендот на зголемување на долгот и на буџетскиот дефицит.
Линк до оригиналниот напис: Извештај на ММФ е потврда на работата на Владата и демаскирање на лагите на опозицијата
Датум и време на објавување: 06.09.2015, 15:30
Датум на рецензирање: 07.09.2015
Рецензент: Зоран Бојаровски
Но, што да се очекува од една медиумска содржина која извешатјот на ММФ го толкува со коментарите на премиерот. Поради тоа, овоj текст е едностран, тенденциозен и несеопфатен.
Ваквиот пристап во презентацијата на извештајот е во спротивност со членот 1 од Кодексот на новинарите, особено со ставот два:
Новинарот има право на слободен пристап до сите извори на информирање што се од јавен интерес.
Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи.
До колку информацијата не може да се потврди или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави.
Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно.
И експертската и бизнис-заедницата оценија дека новиот извештај на ММФ содржи сериозни препораки и оцени, кои не можат да се игнорираат, особено во делот на јавниот долг, односно буџетските трошења поврзани со непродуктивните проекти и зголемувањето на платите на администрацијата. Одговорноста за ваквите оцени, еднакво треба да ја сносат водечките коалициски партнери во власта, препорачаа оние кои се засегнати и оние кои добро ги познаваат нештата.
За жал, медимската содржина што ја рецензираме потклекнала пред принципот непристрасно и избалансирано да известува и да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти и со тоа создава простор за заблуди во презентацијата на овој многу важен документ.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
Делумно
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални
релевантни
2 извори
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
извртување на вистина (спин)
лажни информации
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
нема коментаторски елементи
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
манипулира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
солидни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
поврзан со тагови