verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Мал текст со епски наслов – за голема пропаганда за ДУИ!

on 30 - 11 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

fireshot-capture-144-salla-boris-trajkovski-e-vogel-per-_-http___www-tetovasot-com_2016_11_s

 

Напис: Салата „Борис Трајковски“ мала за големата ДУИ

Демократската унија за интеграција е готова за почнување на промотивната конвенција.

Салата „Борис Трајковски“ во Скопје е мала за активистите и за поддржувачите на ДУИ.

Промотивната конвенција на ДУИ ќе се одржи во салата „Борис Трајковски“ во Скопје, известува „Тетова сот“.

На конвенцијата на ДУИ ќе се промовираат кандидатите за пратеници од седумте изборни единици.

 

[Рецензија: Салата „Борис Трајковски“ мала за големата ДУИ]

Бомбастичните или, да ги наречеме „епски“ наслови, се адекватен вовед за пропагандните текстови. Ова изгледа му е добро познато на авторот на текстот што го рецензираме. За оваа цел веста ја насловил „малата сала за големата ДУИ“. Пропагандната цел се докажува уште во првиот ред (од малкуте редови), но, пред сè и со фактот дека објавата има повеќе фотографии отколку текст, при што фотографиите се употребуваат како ултимативен доказ за една констатација што повеќе претставува навивање, отколку новинарство.

„Демократската унија за интеграција е готова за почнување на промотивната конвенција. Салата „Борис Трајковски“ во Скопје е мала за активистите и за поддржувачите на ДУИ“.

Независно од тоа што „веста“ е направена за собирот на еден субјект, во текстот нема елементи што кажуваат што се зборувало и кои биле главните точки на понудата што тој субјект ја претставил за време на собирот. Меѓутоа, акцентот на веста овде не е информација за изборната понуда, туку докажување дека партијата за која се пишува има голема поддршка од гласачкото тело.

salla-boris-trajkovski-e-vogel-per-bdi-screenshotЛинк до оригиналниот напис: „Салата „Борис Трајковски“ мала за големата ДУИ

Датум и време на објавување: 20.11.2016

Датум на рецензирање: 22.11.2016

Рецензент: Адриан Керими

Во случаи кога се известува за едно политичко прашање, новинарот треба да ги има предвид пораките што произлегуваат од говорите на политичките фигури. Во овој случај немаме ниту еден цитат, ветување или критика кон другите субјекти, што е вообичаено во вести што зборуваат за предизборната кампања.

„Промотивната конвенција на ДУИ ќе се одржи во салата „Борис Трајковски“ во Скопје, известува „Тетова сот“. На конвенцијата на ДУИ ќе се промовираат кандидатите за пратеници од седумте изборни единици“.

Текстот нема структура и ова се докажува и со недостигот од дополнителни информации. Написот завршува без епилог. Читателот сам треба да се потсети дека промотивната конвенција е направена во пресрет на парламентарните избори закажани за 11 декември, на кои ДУИ ќе се кандидира во одредени изборни единици. Читателот има потреба за информација, а не за пропаганда. Новинарството не е средство за пропаганда, а ниту, пак, канцеларија за информирање за партиски активности.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести