verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Мал чекор за човештвото, голема манипуалција за историјата

on 22 - 12 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

stenli-kjubriksitel 1

[Рецензија: Стенли Кјубрик признал – Слетувањето на месечината е фимска монтажа, а не вистински настан]

 

Овој прилог има цел да „докаже“ дека слетувањето на астронаутот на НАСА, Нил Армстронг, на Месечината во 1969 година воопшто не се случило, туку тоа е само добра режија на режисерот Стенли Кјубрик, кој, наводно, во интервју го признал тоа. Притоа, целиот прилог во информативниот дневник се темели само врз основа на видеоснимка објавена на „Јутјуб“, во која не може да се утврди дали тоа е вистинскиот Кјубрик или само некој добро избран лик кој потсетува на режисерот и зборува во негово име.

stenli-kjubriksitelЛинк до оригиналниот наслов: ШОКАНТНО: Стенли Кјубрик признал – Слетувањето на месечината е фимска монтажа, а не вистински настан

Датум и време на објавување: 13.12.2015

Датум на рецензија: 22.12.2015

Рецензент: Силвана Жежова

 

Прилогот почнува со наводното признавање на Кјубрик дека слетувањето на Месечината е во негова режија, при што не може со сигурност да се утврди дали на видеоснимката е навистина тој. По овој видеозапис, се појавија и други видеоснимки кои покажуваат дека актер го глуми режисерот и дека целиот разговор е режиран. Во прилогот отсуствуваат и факти и изјави со кои ќе се потврди тврдењето дека оваа „наводна“ измама е на барање на американскиот претседател Џон Кенеди.

„Слетувањето на месечината во 1969 година е само моја добра режија. НАСА и Америка никогаш не слетаа на Месечината, признава режисерот Стенли Кјубрик  во интервју дадено 4 дена пред неговата смрт. Во интервјуто снимено во 1999 година, а премиерно емитувано пред два дена на сервисот Ју-тјуб, режисерот раскажува како целата измама е снимена за да се исполни со ветувањето на американскиот претседател Џон Кенеди, кој ветил дека САД ќе стигне на месечината пред Русија.“

Целиот текст понатаму се темели на теориите на заговор во врска со слетувањето на првиот човек на Месечината. Не се наведени имињата на научнциите што изразиле сомнеж за овој подвиг на НАСА, ниту се понудени факти и докази што ќе покажат дека човечката нога не стапнала таму.

„Интервјуто ја шокираше светската јавност и ги потврди бројните теории на заговор. Ваквите тврдења на Кјубрик целосно ја менува светската историја, знаејќи дека и претходно, многу научници се сомневаа дека НАСА не слетала на месечината.“

Со коментарите во прилогот, на целата приказна сака да ѝ се припише една политичка димензија, со акцент на ривалството меѓу САД и Русија. Отсуствуваат факти што ќе потврдат дека слетувањето на Месечината, наводно, е изрежирано за Американците да бидат пред Русите.

„Од политички аспект овој момент е доста значаен, затоа што пред наводното слетување на месечината, Америка заостануваше зад Советскиот сојуз, во вселенската трка.“

Теориите на заговор за слетувањето на астронаутот на НАСА, Нил Армстронг, на Месечината постојат, но останува во сферата на недокажаното дека леталото „Аполо 11“ не ја допре површината Месечината. Без понудени докази и факти, прилогот останува во сферата на шпекулациите, обидувајќи се да фрли сенка на овој историски чин за човештвото.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

не аплиактивно

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

креативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

нема

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести