verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Лошата фотографија може да го засени текстот

on 9 - 07 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

Сведоштво-за-сообраќајката-пред-Охрид-Press24-crop-resize

 

[Рецензија: Сведоштво за сообраќајката пред Охрид: Бебето ми умре в раце – помодре и го загуби пулсот]

 

Овој текст има проблем со фотографијата која е несоодветна. Содржината на написот е коректна и таа нема да биде во фокусот на оваа рецензија.

Сведоштво за сообраќајката пред Охрид  Бебето ми умре в раце   помодре и го загуби пулсот   Press24Линкуван наслов на анализираниот напис: Сведоштво за сообраќајката пред Охрид: Бебето ми умре в раце – помодре и го загуби пулсот

Датум и време на објавување: 02.07.2015

Датум на рецензирање: 08.07.2015

Рецензент: Ана Анастасовска

Насловот на овој текст најавува дека станува збор за една трагична случка, односно тој е сведоштво за сообраќајка во која животот го загубиле неколку лица, меѓу кои и едно бебе.

„Охриѓанецот Бобан Наумоски бил сведок на вечерашната трагедија која се случи на патот Охрид – Кичево, а во која според информациите до сега животот го загубија најмалку три лица, од кои едно бебе, едно дете и една жена.“ 

Во текстот подолу, посочениот Бобан Наумовски раскажува една потресна приказна, за тоа како бебето изгубило воздух, помодрело и му починало в раце. Она што уште повеќе вознемирува кај овој текст е објавената фотографија. На неа, лицето е насмеано од уво до уво, како да раскажува некој виц или, пак, некоја интересна и смешна случка, а не дека бебе му починало в раце.

Фотографијата е несоодветна на содржината на текстот и новинарот требало да обрне внимание на неа. Не може во еден текст со драматична и трагична содржина да се става ваква фотографија.

И фотографијата, не само содржината, го прави текстот целосен и таа треба да биде прилагодена на веста. Инаку, текстот е коректен и во него се запазени основните новинарски стандарди и правила. Посочен е и линк до оригиналната вест.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

2 извори

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

сеопфатнo

нема прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

целосно прикажува вистина

нема извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

балансираност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

делумна копија

наведен извор со линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

несензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

информира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести