verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Лоша и непрофесионална копија со коментари

on 20 - 01 - 2017       
Овој напис го има и на: Албански

FireShot Capture 223 - Panik në BDI, Gruevski ende nuk po i _ - http___ina-online.net_panik-ne-bdi

 

Напис: Паника во ДУИ, Груевски уште не ги кани на преговори, се разболуваат неколку функционери?!

ДУИ сè уште е во исчекување на поканата од Груевски за да се почнат преговорите за формирање на новата влада. Претставниците од партијата на Али Ахмети очекуваат преговорите да почнат до крајот на неделава. Од друга страна, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, кој пред девет дена го доби мандатот од претседателот на државата, сè уште официјално не поканил на преговори ниту една партија. Ова задоцнување предизвикало вистинска паника во партијата на Ахмети, која се изјаснува како албанска политичка партија, но која сè додека е на власт, реализира проекти исклучиво за Македонците, пренесува весникот „Лајм“.

„Реално треба да биде спротивното, односно ВМРО треба да се плаши од ДУИ, а не ДУИ од ВМРО, бидејќи без ДУИ, ВМРО не може да направи парламентарно мнозинство. Меѓутоа, пораката на Груевски „знае ДУИ“, предизвика голема загриженост во нашата партија, почнувајќи од претседателот Али Ахмети“, вели еден внатрепартиски извор од ДУИ, кој додава дека оваа порака на Груевски создала и здравствени проблеми кај два-тројца членови на партиското раководство, кои завршиле со инфузии.

Најверојатно, Груевски ќе чека до последниот момент за да ги почне преговорите.

Од седиштето на ДУИ објаснуваат дека Ахмети во моментов одржува широки консултации не само во партијата, туку и со меѓународниот фактор за потребата за што поскоро формирање на владата.

Од оваа партија повторуваат дека не се откажуваат од барањето за целосно официјализирање на албанскиот јазик и за продолжување на мандатот на Специјалното јавно обвинителство.

Поради одолжувањето на почнувањето на преговорите, аналитичарите почнаа да зборуваат за можно сценарио меѓу двајцата поранешни партнери за да ја одведат земјата кон нови избори.

Но, официјално и двете партии ги демантираат овие гласини. Во меѓувреме, останува нејасно како ќе се одвиваат настаните доколку Груевски не успее до одредениот законски рок да ги обезбеди потребните гласови во Собранието за новата влада. Исто така, не се појаснува дали претседателот ќе го мандатира лидерот на СДСМ, Зоран Заев, ако лидерот на ВМРО не може да се договори со ДУИ за новиот кабинет.

„Алсат“ дознава дека за да помогнат во процесот на формирање на новата влада, досега покажале интерес неколку западни земји. Во тие рамки, германското министерство за надворешни работи планира да го испрати специјалниот претставник за Балканот, Кристијан Хелбах, но поради непознати причини неговата посета е откажана.

Од друга страна, по доделувањето на мандатот на Груевски, партијата на Зоран Заев била многу тивка околу можноста за формирање на новата влада заедно со албанските партии.

 

[Рецензија:„Паника во ДУИ, Груевски уште не ги кани на преговори, се разболуваат неколку функционери?!“]

Доколку го тргнеме насловот, текстот, главно, е вест составена со копирање делови од информации пренесени од други медиуми. Дел од нив се во рамките на професионалните стандарди. Но, освен тенденциозниот наслов што ја преувеличува ситуацијата, во неговата внатрешност има еден дел кој е спорен поради неколку причини, а најмногу поради отсуството на факти.

FireShot Capture 222 - Panik në BDI, Gruevski ende nuk po i _ - http___ina-online.net_panik-ne-bdiЛинк до оригиналниот напис: Паника во ДУИ, Груевски уште не ги кани на преговори, се разболуваат неколку функционери?!

Датум и време на објавување: 17.01.2017

Датум на рецензирање: 17.01.2017

Рецензент: Фатлуме Дервиши

Во продолжение ви го прикажуваме тој дел од текстот каде што јасно може да се види и коментаторскиот пристап што авторот му го дал на текстот, вклучувајќи го тука и насловот:

„Ова задоцнување предизвикало вистинска паника во партијата на Ахмети, која се изјаснува како албанска политичка партија, но која сè додека е на власт, реализира проекти исклучиво за Македонците, пренесува весникот „Лајм“.

„Реално треба да биде спротивното, односно ВМРО треба да се плаши од ДУИ, а не ДУИ од ВМРО, бидејќи без ДУИ, ВМРО не може да направи парламентарно мнозинство. Меѓутоа, пораката на Груевски „знае ДУИ“, предизвика голема загриженост во нашата партија, почнувајќи од претседателот Али Ахмети“, вели еден внатрепартиски извор од ДУИ, кој додава дека оваа порака на Груевски создала и здравствени проблеми кај два-тројца членови на партиското раководство, кои завршиле со инфузии“.

Тврдењето дека немањето покана од страна на Груевски предизвикало здравствени проблеми кај неколку членови од раководството на ДУИ, сакајќи на ироничен начин да покаже колку е важна  власта за нив, се гледа дека е направено тенденциозно.

Колку што е иронично, од професионален аспект ова тврдење е и неетичко, бидејќи во содржината нема ниедна индикација дека се направил некој чекор за да се потврди тоа што е напишано, имаме анонимен внатрепартиски извор, не се откриени имиња на членовите на раководството што се „разболеле“ (нешто што требаше да се направи доколку имаше доволно факти за вистинитост), за потоа и тие да бидат лично контактирани.

Сè додека не е направено ова, прекршени се неколку правила од Прирачникот за етика во новинарството кои предвидуваат дека:

  • Докажувањето и точноста на податоците се морален императив на новинарството, затоа новинарот е обврзан да ја докаже информацијата од колку што е можно повеќе извори, најмалку од два независни извори.
  • Новинарот треба да ја обезбеди „втората страна“, односно да им даде можност на двете засегнати страни од новинарскиот производ да го изразат своето мислење. Ова уште повеќе доаѓа до израз кога новинарот изнесува сомнежи или обвиненија или кога некој е предмет на напад или критика.
  • Изворот на информацијата, според правило треба да биде идентификуван, освен кога тоа може да влијае врз неговата безбедност или безбедноста на трети лица.
  • Погрешното лоцирање или измислувањето на изворите за да се пренесуваат неточни, половични и информации недокажани колку што треба, се третира како тежок прекршок на професионалните стандарди.

Не треба да се заборави и прекршувањето на авторското право. На пример, телевизијата „Aлсат“ е спомната еднаш во текстот само затоа што така било и во делот кој е преземен од оригиналната содржина, но тој што го копирал текстот не го цитирал ниту еднаш како што треба медиумот кому му припаѓа оригиналот.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

анонимни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

делумна копија

ненаведен автор, наведен извор без линк, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести