verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Љубовни афери измислени за валкана политичка кампања

on 3 - 07 - 2020       

Фото: Илустрација

[Рецензија: ЉУБОВНИТЕ ШЕМИ НА ВЛАСТА: Мила длабоко вљубена во Венко а Оливер во Славјанка ??]

Недоличен, целосно шпекулативен текст кој ниту ја информира јавноста за нешто суштинско ниту има каква било додадена вредност. Сè на сè тотално непотребен текст чија основна цел е тенденциозно да озборува и омаловажува.

Линк до оригиналниот напис: ЉУБОВНИТЕ ШЕМИ НА ВЛАСТА: Мила длабоко вљубена во Венко а Оливер во Славјанка ??

Датум и време на објавување: 24.06.2020

Датум на рецензија: 02.07.2020

Рецензент: Симона Атанасова

Во текстот се тврди дека постојат наводни „љубовни шеми во власта“. Па, така од нигде никаде, без никакви докази, се вели дека вицеприемирката Мила Царовска, наводно, е вљубена во министерот за здравство Венко Филипче, а техничкиот премиер Оливер Спасовски дека е заљубен во дополнителната заменичка министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска.

Сето ова се базира на озборување, а не на точно и проверено информирање на јавноста.

Релевантни извори во текстот не постојат. За поткрепа на тврдењето стои само фразата „според неофицијални информации кои кружат низ јавноста“. Тоа ни оддалеку не е доволно за да се пласираат вакви информации чија цел е да се наруши честа и угледот на луѓето спомнати во текстот.

Притоа, едностраноста на напишаното односно не постоење на втора страна ја зголемува тенденциозноста и непрофесионалноста на медиумот. Споменатите личности во написот не се побарани за изјави и коментари дали она што е напишано е точно пред да биде објавено. Не им дадена можноста ниту да потврдат ниту да демантираат.

Не може сериозен медиум на крај да завршува со прашање дали навистина се случува тоа што го тврди во текстот, особено кога се спомнуваат приватни животи на политичари во време на изборна кампања.

Написот оддава впечаток како да е „зготвен“ во кујната на некоја политичка партија и е дел од валканата политичка кампања за претстојните избори која се води паралелно со официјалната кампања на порталите и социјалните мрежи.

Овој напис е преземен од проектот “Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, кој е спроведуван од Фондацијата „Метаморфозис“ и ЕВРОТИНК. Проектот е финансиран од Европската Унија. Ставовите и мислењата изнесени во овој напис не секогаш ги одразуваат оние на ЕУ. Написите од „Критинк“ се слободни за преземање со наведување на изворот и без измени и кратења

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

Претплатете се за најнови вести