verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Лесна мета за тужба

on 31 - 08 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

Пулс-24-СЕ-РАЗВЕДУВА-Фрчковски-ја-малтретирал-и-втората-жена-crop-resize

 

[Рецензија: СЕ РАЗВЕДУВА: Фрчковски ја малтретирал и втората жена?!]

 

Овој текст има цел само дa го дискредитира и да го етикетира професорот Љубомир Фрчкоски. Авторот користи непроверени извори, а во него ја нема ниту втората страна, поради што не го задоволува минималното ниво на сеопфатност.

Пулс 24   СЕ РАЗВЕДУВА  Фрчковски ја малтретирал и втората женаЛинкуван наслов на анализираниот напис: СЕ РАЗВЕДУВА: Фрчковски ја малтретирал и втората жена?!

Датум и време на објавување: 25.08.2015

Датум на рецензирање: 31.08.2015

Рецензент: Ана Анастасовска

Текстот почнува со ударен наслов дека Фрчкоски ќе се разведувал и дека ја малтретирал и втората сопруга. И покрај тоа што во насловот и самиот автор се прашува дали е тоа вистина, сепак, подолу во написот се губи таквото чувство. Наместо дилемата да остане, авторот истата ја претворил во непобитен факт, па дури и повикува невладини организации да реагирале.

Во текстот прво се тврди дека професорот Фрчкоски во минатото бил познат по тоа што тепал жени и сето тоа се користи за да се поврзе со сегашноста и да се тврди дека Фрчкоски ја тепал и сегашната сопруга.
Она што боде очи е изворот на таквата информација.

„Денес, на фан страната на Миленко Неделковски осамна и информацијата дека Фрчко ја тепал и новата жена, и дека следи уште еден развод!“

Изворот е Миленко Неделковски, односно негова објава на социјалната мрежа „Фејсбук“. На „Фејсбук“ може секој да напише што сака и како сака. Но, тоа не значи дека автоматски е вистина. Прво, не се знае од каде му е информацијата на Неделковски, дали лично тој бил сведок на брачните расправии меѓу Фрчкоски и неговата сопруга, дали информацијата ја добил од некој близок на брачниот пар или станува збор за нешто трето. Второ, авторот не направил никаков напор да стапи во контакт со Фрчкоски и да побара негова изјава, па макар и да не сакал да го коментира тоа или, пак, да се обиде да стапи во контакт со неговата сопруга. Задача на новинарот е да се јави и да го пренесе ставот на втората страна.

Иако сето ова го нема во текстот, сепак авторот на крајот ги повикува невладините организации за женски права да реагирале. За што да реагираат? За нешто што не е проверено како информација?

Ова е апсолутно непрофесионален текст кој има една единствена цел, а тоа е дискредитација на професорот и негово етикетирање како „женотепач“. За вакви обвинувања, без никаква основа, многу лесно се добиваат тужби.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

делумна копија

наведен извор со линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести