Лепена, сечена и извитоперена порака
Објавено во Рецензии
on 19 - 01 - 2016 Автор: Симона Атанасова[Рецензија: Соросовите невладини веќе не го кријат стравот од пораз, бараат одложување на изборите (ВИДЕО)]
Во текстот се прави типичен политички спин, при што целосно се извртува клучната порака што повеќе од 70 граѓански организации, платформи и иницијативи ја упатија до еврокомесарот Јоханес Хан, Делегацијата на ЕУ и до Амбасадата на САД. Имено, граѓанските активисти преку заедничко писмо побараа „одложување на предвремените парламентарни избори сè до моментот додека не бидат исполнети суштинските елементи на Договорот од Пржино и итните реформски приоритети кои се однесуваат на изборите“. Но, ваквиот потег на граѓанскиот сектор написот намерно го толкува како страв од пораз (изборен)!
Линк до оригиналниот напис: Соросовите невладини веќе не го кријат стравот од пораз, бараат одложување на изборите (ВИДЕО)
Датум и време на објавување: 14.01.2015, 13:25
Датум на рецензирање: 19.01.2015
Рецензент: Симона Атанасова
ЕТИКЕТИРАЊЕ
На самиот почеток од текстот се вели:
„Соросовите невладини организации сакаат продолжување на кризата заради големиот пораз кој се очекува за нив и СДСМ.“
Наспроти ова неаргументирано тврдење, невладините организации во писмото до Хан (и до другите меѓународни авторитети) напишаа:
„Нашиот став е дека во овој момент не се исполнети клучни услови, ниту постои поволна атмосфера за одржување фер, слободни и демократски парламентарни избори кои ќе ја вратат довербата на граѓаните дека во Македонија е возможно слободно да се одлучува и дека граѓанската одлука ќе биде испочитувана од институциите и од сите политички партии.“
Меѓутоа, токму овој важен дел од писмото до Хан е „заборавен“ во содржинскиот дел на написот што го рецензираме (иако, го има во видеозаписот на крајот од текстот).
Сакајќи, пак, по секоја цена да се нападне граѓанскиот сектор, во текстот се прави и една несмасна забелешка:
„Најсмешно во оваа панична реакција на СОРОС, е што станува збор за т.н. невладини организации кои не учествуваат на избори.“
Само, нејасно е кои се тие невладини организации што учествуваат на избори?!
Од друга страна, дали само тие што директно учествуваат на изборите (партиите) имаат право да искажат мислење за состојбата во државата, вклучително и да изнесат став за тоа какви се нејзините капацитети да организира регуларен и демократски изборен процес? И конечно, може ли некој во државата да има поинакво мислење од тоа на владејачката партија, а да не биде етикетиран како „соросоид“?
Ова е совршен пример како со сечење, лепење и со прикривање на важни моменти може да се извитопери вистинската порака на една изјава, во конкретниот случај писмо.
Инаку, овој текст, кој е пишуван за да се дискредитира целиот граѓански сектор, е преземен од друг портал. Тоа е наведено, но во последната реченица од написот и без да се линкува оригиналниот материјал, што, исто така, претставува пропуст.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
точни наводи
делумно
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални
релевантни
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
целосна копија
ненаведен автор, наведен извор без линк
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
наведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
солидни мултимедијални елементи
има контекстуални линкови
делумно стилски уреден
поврзан со тагови