verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Кула од карти изградена врз друга кула од карти

on 13 - 02 - 2017       
Овој напис го има и на: Албански

republika

[Рецензија: Република најави а медиумите под контрола на СДСМ и СОРОС потврдија: СЈО тргнува во политичка пресметка по наредба на Заев]

Стари коментари се употребуваат како основа за нижење на нови коментари и се врамуваат со тендециозен наслов. Непотврдените информации не се атрибуираат како нечие мислење, а факти едноставно нема. Се користи само еден извор на информации и не е наведено дали засегнатите страни, кои се дискредитираат, се побарани за изјава.

Датум и време на објавување: 08.02.2017, 17:41

Датум на рецензирање: 13.02.2017

Рецензент: Александар Пешев

 НЕИЗДРЖАНИ ТВРДЕЊА

„Како што Република најави минатата недела, СЈО тргна во спектакл повторно да го оцрни ВМРО-ДПМНЕ, за а може да преку медиумите на СДСМ/ СОРОС да се намали притисокот врз Заев за нереализирање на сценариото“.

Освен што не е објаснето како е утврдено дека Спецдијалното јавно обвинителство тргнало во спектакл да го оцрни ВМРО-ДПМНЕ, ваквото неиздржано тврдење создава и сомнежи за политичка пристрасност. Фактите се изоставени и во сегментот кој потсетува на претходната објава, која се споменува во воведот.
Во написот се вели:
„Катица Јанева се активира дури откако се увери дека народот не верува во шарените лаги на Заев, а есапот не е ист дома и на пазар. СДСМ загуби на изборите, но Заев доби аболиција од Катица Јанева, која се откажа од случајот „Пуч“. Сценариото не се реализира и сега расте паниката кај режисерите“.
Но, ја праша ли некој Јанева дали му верува на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, и зошто воопшто е потребно да се актуелизира ова прашање, имајќи предвид дека сите „пржински“ партии се договорија за СЈО? Кои се режисерите и по кој критериум е утврдено дека кај нив „расте паника“? Целиот извадок од претходен текст претставува редица коментари кои се употребуваат за надградба со нови неиздржани тврдења:
„Денеска медиумите на СДСМ-СОРОС ја потврдуваат политичката пресметка во која тргна СЈО по нарачка на Заев. Така, Телма, Плусинфо, Либертас и другите контролирани медиуми јавуваат од „извори во СЈО“ дека е започната истрага на СЈО за донаторите на ВМРО-ДПМНЕ“.
Земањето наслови од медиуми што пренесуваат информации кои не се во согласност со коментарите во објавата и нивна јасна дискредитација претставува недвосмислен спин, чија изведба е ставена во функција на забележлива политичка пристрасност. Употребата на неименувани партиски функционери на ВМРО-ДПМНЕ како единствен извор на информации говори за едностраноста и  ја потврдува политичката пристрасност на написот:
„Лажно ги обвинувале дека знаеле дека тие не донирале за сопствената партија, блефирале дека наводно имале снимки од банките со кои се потврдувало дека тие не ги уплатиле парите, обидувајќи се да ги заплашат дека криминал било и ако некому му дале пари да уплати како донација за партијата“.
Имајќи предвид дека немаме доказ оти е побаран став од Специјалното јавно обвинителство и од СДСМ за ваквите обвинувања, текстот е едностран и не го задоволува професионалниот критериум за сеопфатност. Сè на сè, имаме напис кој употребува коментари базирани на претходни неосновани тврдења со јасна цел – дискредитација на личности и институции со елементи на политичка пристрасност.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

нечитлив

неквалитетни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести