verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

„Крвта“ во насловот ја нема во текстот

on 30 - 12 - 2016       

reporter

[Рецензија: (ФОТО) Страшна сообраќајка кај Струмица – Крв на сите страни]

 

Сензационалистички наслов и лоша илустрација – морничава фотомонтажа се главната одлика на овој текст. Насловот манипулира со читателите и изнесува невистинити информации. Се тврди дека се случила сообраќајна несреќа која во насловот се опишува како „страшна“, но во текстот нема објаснување зошто се извлекла таква констатација.

foto-strashna-soobrakjajka-kaj-strumica-krv-na-site-strani-reporter-mkЛинк до оригиналниот напис: (ФОТО) Страшна сообраќајка кај Струмица – Крв на сите страни

Датум и време на објавување: 25.12.2016

Датум на рецензирање: 30.12.2016

Рецензент: Симона Атанасова

 

ПРОБЛЕМАТИЧЕН НАСЛОВ

Насловот тврди дека имало „крв на сите страни“, но во текстот се вели дека „нема информации за повредени или загинати“. Доколку немало повредени или загинати, а во случајов не се знае дали имало или не, не може ни да има крв на сите страни.

Информацијата е преземена од Автомото-сојузот на Македонија. Во текстот се соопштува каде се случила сообраќајката, во колку часот и информација дека патот се пренасочува. Во информацијата добиена од Автомото-сојузот на Македонија никаде не се спомнува дека сообраќајката била тешка и дека имало крв на сите страни.

Овој податок, медиумот тенденциозно сам си го додал за да го направи насловот бомбастичен, сензационален и манипулативен. Насловната конструкција е формирана само за да привлече што е можно поголем број кликнувања на веста, а притоа свесно го манипулира и го мами читателот што ќе ја кликне веста и ќе ја прочита информацијата.

Во материјалот што го  рецензираме воошто не е направен обид  да се побара дополнителна информација од МВР или, пак, од здравствена устава за да се провери дали имало повредени или можеби загинати.

 

МОРНИЧАВА ФОТОМОНТАЖА

Особено проблематична е фотографијата што е прикачена на текстот. Таа нема апсолутно никаква врска со реалниот настан. Станува збор за лошо монтиран фотошоп што изгледа  морничаво. На половина од сликата е преставена девојка со крваво лице, а на другата половина има превртен автомобил. Ниту се знае која е девојката, ниту кога и каде е фотографиран превртениот автомобил.

Во текстот се вели дека не се знае дали има повредени или загинати и нема никаква информација дека лице од женски пол е повредено или загинато, па затоа не е јасно зошто има девојка на сликата.

Текстот грубо го прекршува член 8 од Кодексот на новинари кој вели дека „Начинот на информирање во случаи на несреќи, елементарни непогоди, војни, семејни трагедии, болести, судски постапки мора да биде ослободен од сензационализми“.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

има во насловот

не аплиактивно

друга пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести