verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Критика адресирана на погрешен човек

on 20 - 01 - 2017       

 

Kurir za snegot vo Strumica

[Рецензија: ФОТО: Заев со импровизирано тракторче се справува со снегот, додека струмичките улици се во катастрофална состојба]

 

Грешка во чекори, ама голема. Се куди погрешен човек за снегот во Струмица. Зоран Заев веќе неколку седмици не е градоначалник. Кој знае – знае. Кој не знае – ќе прави вакви текстови.

 

1111Линк до оригиналниот напис: ФОТО: Заев со импровизирано тракторче се справува со снегот, додека струмичките улици се во катастрофална состојба

 Датум и време на објавување: 18.01.2017  13:31

 Датум на рецензирање: 19.01.2017

 Рецензент: Владимир Мирчески

 

„АКО ПОМИНЕ, ПОМИНЕ“

Секако дека сме за тоа да се критикува власта, независно дали е централна или локална, ако не ги исполнува своите обврски кон граѓаните. Чистењето на булеварите, улиците и на тротоарите, поради зимските услови, е едно од најактуелните прашања. Да, медиумите во секоја можност треба да ги повикуваат надлежните на одговорност ако навреме или воопшто не ја завршиле работата, зашто граѓаните ги трпат последиците од таквата несовесност.

Ајде сега поконкретно. Написот е поткрепен со фотографии кои покажуваат неисчистени тротоари за кои се тврди дека се во Струмица, како и едно „модифицирано“ возило – трактор кое треба да се справи со снегот и со мразот. Рековме, треба да се повикаат надлежните да одговорат зошто не реагирале соодветно и тоа е сторено во текстот. Но, повикот е на погрешна адреса.

„Заев со импровизирано тракторче се справува со снегот, додека струмичките улици се во катастрофална состојба“

Во моментот кога е пишуван написот, лидерот на СДСМ, речиси еден месец веќе не е прв човек на Струмица.

„Заев најави дека заминува на нова функција, нема да биде градоначалник на Струмица. Лидерот на СДСМ Зоран Заев се повлекува од функцијата градоначалник на Струмица, за заменик-градоначалник ќе го именува советникот Костадин Костадинов“ (МКД.мк, 22.12.2016)

„Заев се повлекува од градоначалник поради „заминување на друга функција“ (Мета.мк, 22.12.2016)

„Заев се повлече од градоначалничката функција во Струмица“ (Алсат-М, 22.12.2016)

„Коста Костадиновски ќе биде заменик градоначалник на општина Струмица“ (Плусинфо, 22.12.2016)

 

И УСТАВОТ КАКО ПОТСЕТУВАЊЕ

Дополнително, на крајот на годината, поточно на 30 декември, беа верификувани мандатите на новиот пратенички состав, меѓу кои е и Заев. Ако неговото повлекување од градоначалничката позиција некому не му било доволен аргумент, Уставот на РМ требало да го разувери дека лидерот на СДСМ е само пратеник, а не и градоначалник на Струмица.

„Со закон се утврдува неспојливоста и неизбирливоста на функцијата пратеник во Собранието со вршење на други јавни функции или професии“, вели член 63 од Уставот на РМ.

Оттука прашањето е што на 18 јануари 2017 година Заев има врска со улиците во Струмица за да се тврди:

„Додека струмичките улици се во катастрофална состојба, градоначалникот Зоран Заев со импровизирано трактoрче се справува со снегот…“

Целосна невистина.

Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи – член 1 од Кодексот на ЗНМ.

Написот како да се раководел од девизата „Ако помине, помине“. Ама, ова не поминува, навистина не поминува!


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести