verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Кревање паника за повеќе кликнувања

on 18 - 12 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

Родителите во паника - маж се обиде да_ - http___www.press24.mk_roditelite-v 1

[Рецензија:  Родителите во паника – маж се обиде да киднапира девојче од градинка]

 

Текстот има несоодветен, сензационалистички наслов, кој создава поинаква претстава кај читателите. Прикривајќи информации за местото на настанот, написот создава привид дека станува збор за случај во Македонија и предизвикува паника кај публиката.

Родителите во паника маж се обиде да киднапира девојче од градинка Press24Линк до оригиналниот напис: Родителите во паника – маж се обиде да киднапира девојче од градинка 

Датум и време на објавување: 16.12.2015 , 14:27

Датум на рецензирање: 16.12.2015

Рецензент: Димитар Тануров

ГЛАВЕН ПРОБЛЕМ НАСЛОВОТ

„Непозната личност се обидела да киднапира девојче од една градинка во Сараево, додека воспитувачките ги подготвувале децата за дома.“

Насловот на текстот не ја открива локацијата за настанот, поради што се добвива вчечаток дека киднапирањето се случило во Македонија.

Текстот само делумно ја пренесува информацијата објавена во босанскиот весник „Дневни аваз“. Во оригиналниот текст се гледа ангажираноста на новинарот, кој се обидел да добие и потврда за настанот од босанското министерство за внатрешни работи. Со тоа текстот е содржаен, за разлика од македонската верзија, која е недоречена поради недостиг на оваа информација. Во написот што го рецензираме требало да се преведе поголем дел од оригиналниот текст за да се добие целата слика, а, исто така, требало и да се наведе од каде е преземена фотографијата.

Сепак, насловот е главниот проблем на текстот. Ваквите наслови најчесто се користат за привлекување читатели, но истовремено создаваат револт кај читателите кои добиваат впечаток дека медиумот не ја зборува вистината. Токму од овие причини треба да се избегнуваат такви насловни конструкции, особено зашто главна задача на новинарот е да информира, а не непотребно да создава паника.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

делумна копија

наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести