verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Контроверзно новинарство: „Тешко на државата со невработените“

on 16 - 08 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

FireShot Screen Capture #251 - 'Mbi 200 mijë “badihavxhi të papunë” nuk planifikojnë të punojnë në Hasanbeg_!' - www_zhurnal_mk_content__id=16810122254

 

Напис: Повеќе од 200.000 „невработени бадијалџии“ не планираат да работат во Хасанбег?!

Скопје, 10 август – Во Македонија продолжува една чудна ситуација, при што повеќе од 200.000 лица се евидентирани во Агенцијата за вработување како невработени, но воопшто не преземаат ниедна конкретна иницијатива за да се ангажираат во последните поплави што се случија во Хасанбег (с. Сингелиќ – заб. на СПВ на македонски јазик) и во другите скопски села. Овие невработени лица се со години евидентирани во Агенцијата за вработување и уживаат многу права од државата.

Добиваат помош од државата и имаат бесплатно здравствено осигурување. „Журнал“ прашува како е можно последниве денови, кога Општина Гази Баба бараше доброволци за чистење на населбите од последните поплави и за овие доброволци обезбедила и буџет, досега никој од овие 200.000 невработени да не одлучат да се ангажираат.

Ова јасно докажува дека повеќето од овие лица се евидентирани во Агенцијата за вработување само за да ги добијат бенефициите од државата и на ниеден начин да најдат некој ангажман во животот.

 

[Рецензија: „Повеќе од 200.000 „невработени бадијалџии“ не планираат да работат во Хасанбег?!“]

Во случаи кога е потребна сензибилизација на масата за да се преземе една одредена иницијатива, за одредена помош, медиумот може да избере секакви мотивирачки начини. По последните поплави во неколку скопски населби, потребна е организирана колективна доброволна работа, но во овој случај текстот не мотивира, туку ги „прекорува“ граѓаните што не помагаат, на некој начин потсетувајќи ги колку се бескорисни.

Zhurnal - Mbi 200 mije badiahavxhi te papune nuk planifikojne te punojne ne Hasanbeg 1Линк до оригиналниот напис: „Над 200 илјади ‘невработени бадијалџии’ не планираат да работат во Хасанбег?!“

Датум и време на објавување: 10.08.2016, 12:22

Датум на рецензирање: 11.08.2016

Рецензент: Фатлуме Дервиши

Пристапот на авторот е целосно погрешен. Апсолутно, ниеден граѓанин на Република Македонија не е обврзан да им помогне на погодените и на оштетените жители од поплавите, само затоа што е жител на оваа држава и ги „користи нејзините добра“. Обврска имаат институциите и критиките треба да бидат насочени на нивна адреса. Но, според текстот, крајно време е, со други зборови, сите тие луѓе кои се евидентирани како невработени во Македонија, да се докажат дека вредат за нешто.

„Овие невработени лица се со години евидентирани во Агенцијата за вработување и уживаат многу права од државата. Добиваат помош од државата и имаат бесплатно здравствено осигурување“.

Скандалозна реченица е образложението дека овие луѓе уживаат многу права од државата. Правата се исти за сите граѓани. На еден медиум не му доликува да ја напаѓа својата јавност на овој начин, зашто седи и не презема ништо, како да ѝ го должи тоа на државата, бидејќи зема помош (не кажува за каква помош зборува конкретно) и има здравствено осигурување. Во текстот, исто така, нема доказ дали овие луѓе биле повикани од институциите, туку само констатација дека тие не помагаат.

„Ова јасно докажува дека повеќето од овие лица се евидентирани во Агенцијата за вработување само да ги добијат бенефициите од државата и на ниеден начин да најдат некој ангажман во животот“. 

Напротив, ова јасно докажува дека содржината е направена за да се држи страната на институциите и да се напаѓаат невработените лица, што не дошле да помагаат. Од професионален аспект би требало да биде спротивното. Авторот требаше да каже за работата што ја вршат институциите во овој случај: првин за несредувањето навреме на инфраструктурата во овие населби, нешто со кое последиците би биле многупати помали и, на крај, поради некористењето на сите нивни капацитети за помош на жителите.

Авторот првенствено требало да го почитува правото на овие невработени лица да направат сами свој избор, дали сакаат доброволно да помогнат или не. Потоа, најдобро што можеше да направи, да најде еден мотивирачки пристап, но секогаш професионален, за да им укаже на овие лица дека нивната помош е многу важна за жителите погодени од катастрофата.

Да не зборуваме, конечно, за бројот на невработени, што секогаш е една силна причина за медиумите за да се побара сметка од институциите. Но, ова е нешто сосема друго и нема зошто да биде поврзано со поплавите, како што е направено во текстот.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

ниеден извор

ниедна страна

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

креативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести