verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Коментарите од социјалните мрежи не се релевантни за вест

on 19 - 07 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

Lajm za Spahiu

Напис: Аналитичарот од Дебар ги провоцира Албанците од Скопје, Тетово и од Куманово, го фали Ахмети!

Аналитичарот од Дебар, Артин Спахиу, познат и по тоа што во еден напишан ред става најмалку две пофалби за ДУИ, силно ги провоцира Албанците од Скопје, Куманово и од Тетово. Тој претседателот на ДУИ, Али Ахмети, го нарече „лидер на визијата“, иако за време на учеството на ДУИ и на Али Ахмети во владината коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, во Скопје се случи убиството на Харун Алиу со другарите и случајот „Монструм“, во Куманово се случи предавството на 9 и на 10 мај и убиството на командант Шќипоња (кумановци и ден-денес не го прифаќаат Али Ахмети во нивниот град), додека пак во Тетово се случи „Југохром“, депонијата и многу други штети.

Еве што пишува Спахиу во неговата скандалозна објава на „Фејсбук“, каде го фали претседателот на ДУИ, Али Ахмети. „Кога светската дипломатија го проценува како најсериозниот лидер на политичката сцена во Македонија, тоа покажува дека Али Ахмети е единствениот лидер и државник во оваа земја. Али Ахмети е лидер на визијата и на големите национални цели!“, напишал Спахиу. Дај боже да не мисли сериозно, туку да се работи само за шега!

[Рецензија: Аналитичарот од Дебар ги провоцира Албанците од Скопје, Тетово и од Куманово, го фали Ахмети!]

 

Новинарскиот производ губи од професионалноста доколку на една изјава што се цитира, новинарот ѝ дава насока каква што сака, правејќи девијација на изјавата на лицето што се цитира.

 

FireShot Capture 20 - Analisti dibran provokon rëndë shqiptaЛинк до оригиналниот напис: „Аналитичарот од Дебар ги провоцира Албанците од Скопје, Тетово и Куманово, го фали Ахмети!

Датум и време на објавување: 11.07.2016, 16:52

Датум на рецензирање: 14.07.2016

Рецензент: Џенис Сулимани

 

МЕНУВАЊЕ НА ПОРАКАТА

Текстот што го рецензираме не дава никаква информациска вредност, освен што се обидува да толкува една субјективна изјава и да ја насочи содржината каде што сака. Ова најдобро го докажува коментарот во текстот за цитатот на споменатиот Артин Спахиу, кој е подолг од постот за којшто пишува.

 

„Аналитичарот од Дебар, Артин Спахиу, познат и по тоа што во еден напишан ред става најмалку две пофалби за ДУИ, силно ги провоцира Албанците од Скопје, Куманово и од Тетово. Тој претседателот на ДУИ, Али Ахмети, го нарече „лидер на визијата“, иако за време на учеството на ДУИ и на Али Ахмети во владината коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, во Скопје се случи убиството на Харун Алиу со другарите и случајот „Монструм“, во Куманово се случи предавството на 9 и на 10 мај и убиството на командант Шќипоња (кумановци и ден-денес не го прифаќаат Али Ахмети во нивниот град), додека во Тетово се случи „Југохром“, депонијата и многу други штети“.

 

Лицето што се цитира во текстот е партиски кадар и во таков контект очекувано е да крои пофалби за лидерот дури и тогаш кога тој потфрлил. Во овој контекст, од коментар на партиски обоена личност е погрешно да се прави вест.

 

ОБЈАВИТЕ НА „ФЕЈСБУК“ НЕ СЕ ДОБАР ИЗВОР

Инаку, „Фејсбук“ не може да се земе целосно како релевантен извор за еден новинарски производ, уште помалку кога коментарот нема врска со општиот интерес. Тенденцијата да се направи вест од еден таков коментар создава впечаток дека цел на текстот била да се нападне личноста, а не да се информира јавноста.

 

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

Фејсбук

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести