verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Коментарите на социјалните мрежи најчесто не се вест

on 31 - 01 - 2020       

Јавните дебати меѓу политичките функционери, особено во предизборниот период, се користат во различни форми од страна на медиумите. Неодамна одекна судирот меѓу вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и пратеникот на СДСМ Мухамед Зекири. Веста што ја разгледувавме е резултат на вревата околу овој судир, при што се констатира искривеност во информирањето

Фотографија од веста што се рецензира

Линк до оригиналниот напис:
„Голема кавга во СДСМ меѓу советникот на господинот Заев, Али Јусуфи и Муки“  Plas sheri i madh në LSDM mes këshilltarit të Z.Zaev Ali Jusufi dhe Mukit

Датум на објавување: 16.12.2019

Датум на рецензија: 18.12.2019

Рецензира: Фатлуме Дервиши

Реакциите и размената на коментари помеѓу вицепремиерот Бујар Османи и пратеникот Мухамед Зекири не се од скоро. Особено Зекири даде десетици критики кон функционерите на ДУИ и нивните активности, иако тие се партнери во Владата. Неодамнешните реакции беа јавни изјави за медиумите или јавни пишувања на социјалните мрежи. Во една од овие реакции, Зекири доби критика на социјалните мрежи од корисник по име Али Јусуфи. Според авторот на веста, Јусуфи е советник на Зоран Заев и својата реакција ја категоризира како „голема кавга во СДСМ“.

 „На социјалните мрежи, на Фејсбук, пукна кавга во коментарите меѓу советникот на Зоран Заев, Али Јусуфи и Муки“ – се вели во веста што ја разгледуваме.

Важноста на изворот треба да се разјасни

Од обично пребарување на интернет се забележува дека името на Али Јусуфи не се наоѓа ниту на списокот на советници и соработници на премиерот Зоран Заев, ниту кај претседателите на филијалите или на подружниците или советниците на СДСМ. На неговиот Фејсбук профил се објавени неколку слики од него со премиерот Зоран Заев, но сите во приватни активности. За разлика од пратеникот Зекири, Јусуфи не е јавна личност и неговиот коментар не може да се смета како основа за толкување дека судирот е меѓу партиските функционери.

Покрај тоа, коментар во форма на реакција на социјалните мрежи, не подразбира „голема кавга“ во партијата. Насловот не држи и тој е напишан на таков начин само за кликања. Дали имало или не таква кавга во партијата требало да се добие одговор од релевантен претставник на партијата.

Техники на манипулација

Авторот користи манипулација, т.н. „повик на авторитет“, за да му даде значење на коментарот на Јусуф, наведувајќи го како „советник на Зоран Заев“, но автентичноста на оваа улога останува непотврдена. За обајавување на веста и за нејзината навдна точност се користи оправдување дека од коментар на Фејсбук може да се претпостави и заклучи дека има „голема кавга“ во СДСМ.

За читателите

Точно е дека социјалните мрежи станаа и средство за јавно комуницирање на разни функционери, институции и организации со јавноста. Ова е неизбежно во денешно време. Но, тие информации честопати бараат дополнителна проверка и пребарување. Реакцијата не значи „голема кавга“ и некој што не и е познат на јавноста не може да добие атрибути што ги нема само да изгледа поважен, а веста поверодостојна. Авторот требаше да ја испита и разјасни вистинската позиција на Али Јусуфи во партијата и доколку информациите се засновани и релевантни, требало да побара јавен став. Ваквите коментари на социјалните мрежи, без суштински податоци и без јавен интерес, не се вести.

Овој напис е преземен од проектот “Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, кој е спроведуван од Фондацијата „Метаморфозис“ и ЕВРОТИНК. Проектот е финансиран од Европската Унија. Ставовите и мислењата изнесени во овој напис не секогаш ги одразуваат оние на ЕУ. Написите од „Критинк“ се слободни за преземање со наведување на изворот и без измени и кратења.

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

Претплатете се за најнови вести