verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Коментари наместо факти

on 25 - 10 - 2016       

puls-24

[Рецензија: Партиите од третиот блок се инструирани од СДСМ да направат збрка во политичкиот живот]

 

Произволно четиво кое, наместо на факти, се темели на импровизации и на коментари. Понудениот материјал има повеќе слаби алки, како, на пример, тенденциозниот пристап, отсуство на реални извори на информации, пристрасност…

 http___puls24-mk_mk_vesti_partiiteЛинк до оригиналниот напис: Партиите од третиот блок се инструирани од СДСМ да направат збрка во политичкиот живот

Датум и време на објавување: 21.10.2106, 18:54

Датум на рецензирање: 23.10.2016

Рецензент: Владимир Мирчески

 

 

СЕРИОЗНИ ПРОПУСТИ

Во демократиите, улогата на новинарите треба да биде информирање на јавноста за таа да може да носи едуцирани одлуки.

 

Улогата на политичарите треба да биде да ги претставуваат оние кои ги избрале и обезбедување дека грижата на електоратот ќе биде разбрана, разгледана и, кога е тоа потребно, соодветно адресирана.

 

Во таков политички систем, новинарот треба да дејствува во име на јавноста за да се осигура дека политичарите ќе си ја завршат работата. Media Helping Media

Не дека е нешто ново, ама, сепак, добро е да се повторат некои работи околу улогата на новинарите и линијата што ги раздвојува од политичарите и од партиите. Правилата на игра се јасно поставени и доколку се следат границата треба да остане нечепната – без навлегување ниту од едната, ниту од другата страна. Притоа, секако бесценета е помошта што ја пружаат професионалните водилки, во домашниот случај, стандардизирани во Кодексот на новинарите. Е сега, кога ќе се споредат тие вредности со четивото пред нас, на површина излегуваат сериозни пропусти.

Тврдењето изнесено во текстот „Речиси без никаква поддршка од граѓаните со рејтинг кој се мери како статистичка грешка…“ (мислејќи на помалите партии како ДОМ, ДС, Фродем),  нема каква било поткрепа во форма на презентирани релевантни истражувања на јавното мислење, анкети, рејтинзи. Дополнително, дел од споменатите, за волја на вистината помали партии, во минатите изборни циклуси имаа изненадувачки добра поддршка кај гласачите.

„…На сето ова им претходеа и ликови како Никола Димитров кој раководен од единствен мотив кој го признава – парите се самопрогласи за незадоволен вмровец, иако никогаш не делувал како таков ниту бил тоа. Гледајќи низ призмата на парите тој се пласираше во хашкиот институт каде доминантен е грчкиот капитал“.

Малку фактографија: Никола Димитров беше заменик-министер за надворешни работи во влада на ВМРО-ДПМНЕ, советник на претседател на РМ избран од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, двапати амбасадор избран од влада на ВМРО-ДПМНЕ. Аха, и како што вели текстот, тој никогаш не бил и не делувал како ВМРО-овец?! А како тоа дејсттвува вистински вмровец? За Хашкиот институт се вели дека доминира грчкиот капитал, нормално без некој презентиран аргумент. Инаку, во оваа институција, според нејзината веб-страница, нема ниту еден експерт од Грција.

Оттука, може да се каже дека фактите, а со тоа и вистинитоста, на овој напис не му се јака страна.

 

НЕГАТИВНА КАМПАЊА

Негативната кампања, базирана на лична основа, не запира само на Димитров, туку продолжува и на други личности, како, на пример, другите два члена на некогашната „Амстердамска тројка“.

„…тие не го штедат времето да одработат за опозициската СДСМ. Информациите говорат дека во прашање се и парите на Сорос со кои се финансираат нивните активности, а дополнително дел од овие лица како Никола Димитров ќе се најдат и на листите на СДСМ“.

Пак Сорос, пак „матни“ пари, пак поврзаност со СДСМ, пак некакви субверзивни активности и пак отуство на реални извори на информации за тешките заклучоци. Пристап кој е целосно спротивен на принципите утврдени во новинарскиот Кодекс кои налагаат:

Доколку информацијата не може да се потврди или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави (член 1)

 

Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот(член 13)

Кога сè ќе се собере, се сведува на лични дисквалификации кои повеќе наликуваат на тема за партиски билтен, отколку на текст што треба да информира.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

наведен автор и извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести