verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Кој тоа се осмелил да бара слобода?

on 16 - 08 - 2016       

kurir

[Рецензија: Додека илјадници граѓани доброволно им помагаат на поплавените граѓани, соросовите платеници лицемерно се веселат низ Македонија]

 

Во пропагандистички стил, во манир на партиско соопштение, под маска дека информира, овој напис пренесува политички став за трибините во организација на невладината организација „Цивил“, кои се одвиваат во текот на август низ повеќе градови во Македонија. Иако е пласиран во форма на информација, написот нема врска со вистинско информирање, бидејќи од него читателот тешко може да разбере за што, всушност, станува збор.

Рецензија: Кој тоа се осмелил да бара слобода?Линк до оригиналниот напис: Додека илјадници граѓани доброволно им помагаат на поплавените граѓани, соросовите платеници лицемерно се веселат низ Македонија

Датум и време на објавување: 12.08.2016, 18:39

Датум на рецензирање: 15.08.2016

Рецензент: Југослава Дуковска

 

НАВРЕДИ, ПОПУЛИСТИЧКИ ПАРОЛИ, ФЛОСКУЛИ…

Ако тргнеме да бараме факти во напишаното, дознаваме само дека некои невладини организации кои не се блиски до власта („платеници на СДСМ и на Сорос“) организирале некакви трибини наречени „Кампот на слободата“ во чии рамки

„организираат изложби и музички настапи на диџеи и бендови, поетски читања и други работилници и мултимедијални настани“.

И тука некаде завршува списокот на објавените факти. Кога, каде, што е темата и целта на овие настани, кој е организаторот, кои се учесниците, сето она што се подразбира дека една вест треба да го содржи, во овој напис не постои. Остатокот од содржината на написот се ставови, обвинувања, навреди, исмевања, невистинити квалификации, популистички пароли и флоскули кои немаат никаква улога во процесот на информирање.

Почнувајќи од насловот:

„Додека илјадници граѓани доброволно им помагаат на поплавените граѓани, соросовите платеници лицемерно се веселат низ Македонија“,

и од поднасловот:

„Таканаречениот „граѓански сектор“, платениците од невладините на Сорос и СДСМ уште еднаш го покажаа своето лицемерие на дело, пред очите на сите граѓани на Република Македонија“,

се нижат реченици кои не содржат ниту една единствена информација:

„Наместо да искористат дел од парите од грантовите на Сорос да организираат превоз за Стајковци, Инџиково или Брњарци, тие плаќаат превоз од други градови за настаните на нивниот „караван на слободата“ да не доживеат вистински дебакл, каков што доживеа нивната наводна грижа за граѓаните“.

 

СПИНОВИ И МАНИПУЛАЦИЈА

А, кога нема информација, нема ниту користени извори на информации. Затоа, пак, текстот изобилува со спинови:

„Грантовите на Сорос мора да се одработат на терен и затоа „Караванот на Слободата“ очигледно не смее да запре исто како и лицемерието на неговите водачи, како што се Џабир Дерала, Петрит Сараќини и други етаблирани „неслободни граѓани“ кои за да шетаат наоколу, да се забавуваат и да проповедаат за слобода, права и еднаквост постојано се финансиски инјектирани од Сорос“,

и со отворена манипулација со чувствата на читателите:

„Тие или не сакаат или не смеат да ги прекинат своите платенички активности па да се вклучат во справувањето со последиците од огромното невреме“,

која содржи елементи на говор на омраза, преку портретирање на организаторите на карванот како бездушни платеници кои немаат чувства за маките на народот во состојба на природна катастрофа:

„додека граѓаните се во кал до колена, платениците на Сорос организираат предавања на тема слобода според световидот на Мирјана Најчевска“.

Ова е опасна теза која провејува низ целиот текст, почнувајќи од насловот, кој е апсурден и неточен, па сè до последната реченица, бидејќи намерно поттикнува револт кај читателите во една исклучително експлозивна и емотивно напрегната ситуација во земјата и го насочува кон конкретни личности. Не помалку опасно, а патем и исклучително демагошки е што се исмева тоа што некој го бара или зборува за слобода и тоа да се поврзува со трагедијата што ги снајде поплавените краишта. Каква врска имаат поплавите во Стајковци и во околината со тоа што некој бара повеќе демократија и слобода во едно општество и зошто, освен за пропагандни цели, тие две нешта некој би ги поврзувал?

Всушност, овој напис толку малку има врска со каков било облик на новинарство што е тешко да се рецензира бидејќи само соопштува ставови кои се насочени кон оцрнување на конкретни луѓе, политички неистомисленици, додека информацијата ја нема никаде.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

и точни и неточни тврдења

има и веродостојни и неверодостојни

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести