verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Kога скандалот не е поткрепен новинарски, веста станува скандалозна

on 10 - 01 - 2017       
Овој напис го има и на: Албански

fireshot-capture-199-i-vihet-flaka-s_-http___lajmpress-com_i-vihet-flaka-spitalit-te-gostivarit_

 

Напис: „СКАНДАЛ: Функционер на ДР-ДПА не ја негира информацијата за средба меѓу Зијадин Села и Муса Џафери (Фото)“

По средбата во саботата меѓу лидерите на Алијансата за Албанците со Али Ахмети, реагирал и Џемал Арслани од Струга. Тој напишал дека ова не е прва средба на Зијадин Села со претставници на ДУИ и дека Села и претходно имал средби со Муса Џафери во ресторантот „Воденица“ и во „Агрополог“ на патот Скопје – Тетово.

Тоа што нè зачудува најмногу, е одговорот на висок функционер на ДР-ДПА, Агон Ферати, на статусот на Арслани. Како што можете да видите на сликата подолу, Ферати не ја демантира средбата меѓу Зијадин Села и Муса Џафери кај „Воденица“, но во исто време го обвинува Арслани дека и тој се сретнал со Џафери во „Воденица“.

Од неговиот профил на „Фејсбук“ јасно се гледа дека Џемал Арслани е симпатизер на ДПА и во овој случај неговите обвинувања се разбирливи, но тоа што треба да се анализира е ставот на Ферати околу обвинувањата за една средба меѓу Села и Џафери.

 

[Рецензија: „СКАНДАЛ: Функционер на ДР ДПА не ја негира информацијата за средба меѓу Зијадин Села и Муса Џафери (Фото)“]

Текстот што го рецензираме отвора едно прашање од јавен интерес, но кое уште на самиот почеток непоткрепено е оценето како скандал. Информацијата се заснова на еден став искажан на „Фејсбук“ од една личност непозната за јавноста. Во содржината не е направен ни најмал обид да се изнесат барем неколку детали околу тоа за која личност се работи, иако таа е извор на објавениот „скандал“. „Џемал Арслани од Струга“ и делот на крајот од текстот во кој се тврди дека од статусот „јасно се гледа дека Џемал Арслани е симпатизер на ДПА“, не е доволен и не е показател дека одредена личност или, пак, цитираниот профил може да биде веродостоен за прашањето поставено во статусот.

downloadЛинк до оригиналниот напис: „СКАНДАЛ: Функционер на ДР ДПА не ја негира информацијата за средба меѓу Зиадин Села и Муса Џафери (Фото)

Датум и време на објавување: 26.12.2016

Датум и време на објавување: 7.01.2017

Рецензент: Џенис Сулимани

Наместо да понуди аргументи за најавениот скандал во насловот на текстот, текстот нуди коментари на други лица околу статусот – како факти за скандалот. Токму овој пристап ни дава еден силен факт дека текстот е „аут“ од стандардите за еден новинарски производ.

„По средбата во саботата меѓу лидерите на Алијансата за Албанците со Али Ахмети, реагирал и Џемал Арслани од Струга. Тој напишал дека ова не е прва средба на Зијадин Села со претставници на ДУИ и дека Села и претходно имал средби со Муса Џафери во ресторанот „Воденица“ и во „Агрополог“ на патот  Скопје – Тетово“.

Ставот не една личност искажан на „Фејсбук“ може да се земе како појдовна точка за да се истражи темата што таа личност сакала да ја докаже во текстот на статусот и во коментарите за него. Но, не може да се направи вест само од тој статус и од тие коментари. На ваков начин, оваа содржина нема ни „в“ од вест.

Текстот ќе имаше новинарска вредност и информацијата ќе беше поверодостојна доколку во него имаше обид да се разјасни некој детаљ за личноста што го отворила прашањето. Потоа, на споменатите личности во текстот требаше да им се даде простор да се изјаснат за обвинувањата на нивна адреса. На овој начин информацијата ќе беше поцелосна и попрофесионална, со сите неопходни елементи, без можност да се лизне надвор од новинарската рамка.

Во обид да се пренесе еден професионално непотврден скандал, даден е „автогол“ со еден скандалозен текст. Но, и во овој напис има нешто позитивно – тој може да послужи како пример за да им се покаже на студентите и на јавноста како не треба да изгледа еден информативен новинарски напис.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни,

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

целосно прикажува вистина

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

креативен

сензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести