verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Кога се нема аргументи, се „пука“ со невистини

on 21 - 10 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

fireshot-capture-86-i-zaev-i-shekjerinska-pobegnaa-od-gruevski-objaveni-nosi_-http___zurnal-net_ [Рецензија: И Заев и Шеќеринска побегнаа од Груевски-објавени носителите на листите на СДСМ]

 

Текстот што е предмет на оваа рецензија содржи невистина уште во насловот. Написот, покрај тоа, е полн со коментари, навреди и со етикети за одредени функционери на СДСМ.

 

i-zaev-i-shekjerinska-pobegnaa-od-gruevski-objaveni-nos_-http___zurnal-net_Линкуван наслов на оригиналниот напис: И Заев и Шеќеринска побегнаа од Груевски – објавени носителите на листите на СДСМ

Датум и време на објавување: 21.10.2016

Датум на рецензирање: 21.10.2016

Рецензент: Ана Анастасовска

Насловот на написот „И Заев и Шеќеринска побегнаа од Груевски – објавени носителите на листите на СДСМ“, е чиста невистина и манипулација. Најголемата опозициска партија сè уште ги нема официјално објавено носителите на кандидатските листи за пратеници, туку тоа што деновиве се вртеше во дел од медиумите се само неофицијални информации и шпекулации.

Подолу написот содржи низа коментари и навреди за челниците на СДСМ.

„Дежурниот губитник Радмила Шеќеринска според она што го пишуваат медиумите на СОРОС, ќе побегне дури во петтата изборна единица, каде се очекува да доживее катастрофа доколку ВМРО-ДПМНЕ остане со традиционалниот избор, Антонио Милошоски“.

Тука немаме никакви аргументи, туку само претпоставки. Се претпоставува дека Шекеринска ќе доживеела катастрофален пораз ако се соочела со Милошоски. Прво, нема потврда дека овие двајца политичари ќе се судрат во петтата изборна единица и, второ, на читателот не му се нудат аргументи со кои би се поткрепило тврдењето дека Шекеринска би изгубила од Милошоски.

„Балистот Заев, очекува плодовите од ветувањата за двојазичност да ги жнее во шестата изборна единица“.

Тука имаме навреди за лидерот на СДСМ, етикетирајќи го како „балист“ и спинувајќи дека ќе воведе двојазичност доколку победи на избори. Овој спин не е ништо ново и во последно време провладините медиуми интензивно го шират и го нагласуваат во свои написи.

Очигледно е дека текстот е политички мотивиран и освен претпоставки кои се сервираат како факти, не содржи ништо друго. Констатирани се повќе повреди и на етичките правила содржани во Кодексот за етика на новинарите.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

не може да се утврди

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

не апликативно

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести