verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Кога се информира за број на случаи медиумите треба „да зборуваат“ со бројки

on 15 - 04 - 2020       

Ситуацијата со пандемијата „Ковид-19“ често го покажува отсуството на основни новинарски принципи во некои медиуми в земјата. На пример, не можеме да зборуваме за намалување или зголемување на одредени случаи во општеството, како кражби и семејно насилство, а да не објавуваме бројки во статијата. Таков е написот што го разгледавме

Фотографија од веста што ја разгледуваме

Линк до оригинален напис: Koronavirusi, hajnitë pakësohen – përleshjet në familje shtohen  „Коронавирус: Кражбите се намалуваат – семејното насилство расте“

Датум на објавување: 04.04.2020

Датум на рецензија: 13.04.2020

Рецензира: Фатбарда Цури

Наслов кој најавува бројки

“Коронавирус: Кражбите се намалуваат – семејното насилство расте”, се вели во насловот на написот што го разгледуваме.

Ваквиот наслов создава впечаток дека во статијата ќе се објават бројки или статистички графикони кои ќе покажат дека, додека земјата е во самоизолација, има намалување на бројот на кражби. Тоа е логично зашто се очекува дека сите седат во нивните домови. Од друга страна, се вели дека има зголемување на семејното насилство, затоа што членовите на семејството се заедно подолго време, исто така, поради изолацијата.

Нема факти поткрепени со бројки

Написот го цитира Министерството за внатрешни работи како потврда на заклучокот постигнат во насловот, меѓутоа, тој не зборува со бројки. Ова значи дека не објавува информација за бројот на кражби во текот на март оваа година, споредено со март минатата година и не објавува информации ниту за другиот дел од сторијата, за бројот на случаи на семејно насилство во текот на март оваа година и минатата година.

„Полицијата соопшти дека има пад на криминалот во последните неколку недели. Ова го потврдуваат дневните извештаи што силите за спроведување на јавниот ред и мир ги објавуваат на секои 24 часа и во кои има помалку случаи поднесени најмалку од 13 март наваму“, се вели во статијата што ја разгледуваме.

Во написот се вели дека заклучокот во насловот е докажан со дневните полициски извештаи, но сè уште не кажува што точно се вели во најновиот полициски извештај. Овој момент покажува дека медиумот ја дезинформирал и манипулирал јавноста, затоа што користел концепт на манипулација како „лажна аналогија“. Овој концепт, појаснет во прирачникот за неформално медумско образование КриТинк значи „тенденција да се направи аналогија помеѓу две неповрзани работи, а потоа да се користи аналогијата за да се направи претпоставка“. Во овој случај, медиумот се обидел полицискиот час да го поврзи со намалувањето на кражбите и зголемувањето на семејното насилство. Но, иако се наведува дека тоа е потврдено со полициските извештаи, сепак не ги покажува статистичките податоци.

Тука имаме и прекршувања на Кодекс на етика на новинарите. На пример, во членот 13 се вели: „Новинарите мора да прават разлика помеѓу факти и мислења, помеѓу вести и коментари“.

Овој напис е дел од специјалното известување на „Критинк“ за дезинформациите поврзани со епидемијата на корона-вирусот Ковид-19. Кликнете на линкот за најнови вести и проверени информации од оваа област.

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести