verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Кога новинарството се фаќа под рака со пропагандата

on 30 - 12 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

fireshot-capture-187-vesel-memedi-ziadin-sela-e-gezim-ost_-http___www-almakos-com_vesel-memed

 

Напис: Весел Мемеди, Зијадин Села и Гзим Острени се радуваат што ја „фаќаат раката“ на Али Ахмети (ВИДЕО)

По пристигнувањето на состанокот организиран од страна на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кој сака да ги соедини албанските партии, собирајќи ги на една маса и означувајќи на тој начин и еден историски момент, албанските лидери седнаa да разговараат и од оваа средба да излезат со еден став околу тоа како да се направи коалиција со македонскиот блок.

Ахмети, придружуван од потпретседателката на партијата, Теута Арифи, ги пречека Зијадин Села, Гзим Острени и Весел Мемеди и нивната средба само што почна зад затворени врати за медиумите, при што на крај на средбата лидерите ќе одржат конференција за новинарите на која ќе зборуваат за донесените одлуки. „Опозициските“ лидери изгледаат задоволни што се поздравуваат со Али Ахмети од ДУИ.

Инаку, на оваа средба одби да присуствува Движењето Беса.

 

[Рецензија: Весел Мемеди, Зијадин Села и Гзим Острени се радуваат што ја „фаќаат раката“ на Али Ахмети (ВИДЕО)]

Вест или политичка реакција? Во овој случај е многу тешко да се разликува, затоа што имаме работа со еден напис кој иронизира и подбуцнува уште од самиот почеток. На непрофесионален начин. Уште на прв поглед се гледа дека текстот изобилува со недостатоци од аспект на правилата и заклучоците кои никако не смее да ги донесе новинарот, туку тоа треба да им го остави на читателите.

Во првиот дел новинарот информира за средбата, но истиот го завршува со една констатација кажана само од новинарот, а не од страните кои се протагонисти на написот. Значи, во овој случај авторот игра и улога на субјективен предвидувач и пишува уште пред да се случи настанот.

„По пристигнувањето на состанокот организиран од страна на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кој сака да ги соедини албанските партии собирајќи ги на една маса и означувајќи на тој начин и еден историски момент, албанските лидери седнаa да разговараат и од оваа средба да излезат со еден став околу тоа како да се направи коалиција со македонскиот блок“.

vesel-memedi-ziadin-sela-e-gezim-ostreni-screenshot

Линк до оригиналниот напис: Весел Мемеди, Зијадин Села и Гзим Острени се радуваат што ја „фаќаат раката“ на Али Ахмети (ВИДЕО)

Датум и време на објавување: 24.12.2016

Датум на рецензирање: 24.12.2016

Рецензент: Адриан Керими

При пишување за тоа што се случило, во текстот се вметнува и по некој коментар, за на крај сосема да се занемари Кодексот на етика на новинарите. „Опозициските лидери изгледаат задоволни“, вели авторот. Оваа реченица има многу поголем товар од сите други реченици, затоа што со таа реченица се докажува непрофесионалниот пристап кон еден ваков настан. Една ваква реченица извира од една политичка пристрасност, чиј сојузник станува и редакцијата со самото објавување на таквите содржини.

„Ахмети, придружуван од потпретседателката на партијата, Теута Арифи, ги пречека Зијадин Села, Гзим Острени и Весел Мемеди, и нивната средба само што почна зад затворени врати за медиумите, при што на крај на средбата лидерите ќе одржат конференција за новинарите на која ќе зборуваат за донесените одлуки. „Опозициските“ лидери изгледаат задоволни што се поздравуваат со Али Ахмети од ДУИ“. 

Наместо да информира, во содржината се коментира. Средбата не е објаснета до крај. Во текстот не се кажува кој бил домаќинот на средбата, кој е повикан на таа средба и кој одбил да учествува на средбата на лидерите на албанските партии.

Независно од интересите на редакцијата, сето ова треба да се каже, затоа што интересот на јавноста секогаш е на прво место, а не политичките интереси на некоја страна за која индиректно се навива во текстот.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

делумно точни

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести