verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Кога новинарството ја злоупотребува верата во политички контекст

on 27 - 10 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

fireshot-capture-91-sot-para-gjykates-mustafa-shefait-vra_-http___lajmpress-com_sot-para-gjyk

 

Напис: Муки без комплекси го цитира Куранот – (Другите албански политичари „поголеми католици од папата“)!

Најновиот албански политичар (член на СДСМ), Мухамед Зекири, продолжува одвреме-навреме, како и секогаш, да објавува ајети од Куранот на социјалната мрежа „Фејсбук“ и ова изгледа не им пречи на неговите сопартијци од СДСМ, за разлика од партијата на власт, ВМРО-ДПМНЕ, на која токму овие исламски изреки од Мухамед Зекири секогаш ѝ биле трн во око. Додека другите политичари Aлбанци во повеќето случаи ги гледаме како „поголеми католици од папата“, еве го статусот на Мухамет Зекири во целост:

„Вистинската правда, опишана во Куранот, го упатува човекот да се однесува праведно, без да прави разлика меѓу луѓето, да ги штити човековите права, да не го дозволи насилството без разлика на околностите, да стои на страната на угнетените против репресорот и да им помага на сиромашните.

Вака заповеда Господ во сурето „Ен-Ниса“

„Вие што верувате! Бидете поддржувачи на правдата, докажете се себеси само за Господ, макар и против себеси, вашите родители или блиски! Без разлика дали другата страна се богати или сиромашни. Господ може да покаже грижа за нив. Не следете ги вашите лични желби и не избегнувајте ја вистината! Доколку скршнувате или се повлекувате, Господ знае многу добро што правите.“

 

[Рецензија: „Муки без комплекси го цитира Куранот – (Другите албански политичари „поголеми католици од папата“)!“]

Во новинарството провоцирањето омраза и предрасуди од која било идеологија, вера или националност, е неприфатливо. Улогата на новинарот се совпаѓа со почитување на разновидноста и воопшто на правата на човекот, без разлика на припадноста, како едно од основните начела на демократијата. Верата не е професионален критериум за да се процени еден политичар, иако честопати се случува во јавноста да се дискутира верската припадност или верската посветеност на политичарите. Овде, дел од вината ја имаат и самите политичари, кои честопати ја злоупотребуваат верата во политички контекст.

lajm_mzekiri_islam_katolik2Линк до оригиналниот напис: „Муки без комплекси го цитира Куранот – (Другите албански политичари „поголеми католици од Папата“)!

Датум и време на објавување: 21.10.2016, 11:22

Датум на рецензирање: 23.10.2016

Рецензент: Фатлуме Дервиши

Верата или религијата не спаѓа во потребните доблести за проценување на професионалноста или способноста на еден политичар. Таа треба да се третира како нешто што е сосема во приватната сфера, нешто кое новинарот, доколку не е навистина потребно за да се објасни подобро некој настан, не треба воопшто да го нагласува. Овој приватен аспект на еден функционер не смее да биде мерно средство за неговата вредност.

„Најновиот албански политичар (член на СДСМ), Мухамед Зекири, продолжува одвреме-навреме, како и секогаш, да објавува ајети од Куранот на социјалната мрежа „Фејсбук“ и ова изгледа не им пречи на неговите сопартијци од СДСМ, за разлика од партијата на власт, ВМРО ДПМНЕ, на која токму овие исламски изреки од Мухамед Зекири секогаш ѝ биле трн во око.  Додека другите политичари Албанци во повеќето случаи ги гледаме како „поголеми католици од папата“…“

Без да се цитира статусот на Мухамед Зекири и тоа што тој приватно го изјавил на неговиот личен профил на социјалните мрежи (бидејќи не е предмет на нашата анализа), проценката дека тој од овој аспект е подобар од другите албански политичари и дека поради ова бил трн во око за еден субјект од другата националност, е сосема погрешна од страна на новинарот.

Со ова, намерно или не, авторот прави меѓуверски споредби, но и меѓу тоа кој е поголем верник, што е поттикнување верска омраза, без да недостига и провокативниот јазик во меѓуетнички аспект. Не само затоа што етничкиот идентитет го поврзува тесно со верскиот идентитет, што не треба да се прави, туку и поради тоа што, според авторот, тие што не се вакви како Зекири, се смета дека се „поголеми католици од папата“.

Негативно за авторот во овој случај, конкретно, индиректно кажано, не е католицизмот. Тој само се користи како „средство“ за да се стигне до прикажаното „негативно“ во партијата ВМРО, за која се смета дека има проблем со изреките од исламот.

Во Прирачникот за етика во новинарството, во член 11 пишува:

  • Новинарот мора да биде свесен за етничките, културните, религиозните, сексуалните чувствителни теми и да ги третира во согласност со тоа.
  • Новинарот мора да биде свесен за последиците и за ефектите од неговите зборови, мора да внимава на нивниот избор и не смее да навредува или да исмејува. Професионалниот новинар никогаш нема да зборува за личности врз основа на стереотипи и предрасуди за расата, полот, возраста, религијата, етничката припадност, сексуалната ориентација, телесниот недостаток, физичкиот изглед или социјалниот статус.

Таквите тврдења како што се напишани во оваа содржина, не држат воопшто вода и се недозволени во новинарството. Залудно е да се каже дека на текстот му недостигаат изворите за да се прикаже добро проблемот и дека е полн со коментари. Едноставно, нештата не треба да бидат генерализирани и стереотипизирани. Сечие право е да верува во тоа што сака, без да се прават споредби за тоа кој е во поправедна вера или попосветен и треба да биде почитуван. Без разлика на неговата функција во јавниот живот.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни,

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

поттикнувачки говор од верски и етнички аспект

не потикнува на насилство

дискриминира

верска дискриминација,

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести