verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Кога „Доказ“ без докази обвинува за наводен криминал

on 21 - 04 - 2020       

[Рецензија: Директорот на Македонија пат Беким Мехмеди бесрамно крадел од државата и рекетирал бизнисмени?!]

Предмет на оваа рецензија е серијалот написи во кои без докази, се обвинува јавен функционер за криминал. Кога нема докази, тоа е клеветење. Во спротивно, секој за секого би можел да изнесе обвинувања без воопшто да ги поткрепи. Овие написи не се потпираат на аргументи, тие натежнуваат од шпекулации, а дел од наводите  се и непроверливи. Изнесени се куп навреди за функционерот, за неговиот физички изглед, се користи недоличен и вулгарен речник. Објавите се без формат на новинарски текст, ниту пак, имаат вовед, разработка и крај.

Линк до оригиналниот напис: Директорот на Македонија пат Беким Мехмеди бесрамно крадел од државата и рекетирал бизнисмени?!

Датум и време на објавување: 15.04.2020

Датум на рецензија:17.04.2020

Рецензент: Мирослава Бурнс

Текстот воопшто не е базиран на новинарските принципи кои вклучуваат земање изјави, објавување пишани докази, како на пример, имотни листови, контактирање на институции и сето она што е новинарско задолжение. Наспроти тие принципи, овде се клевети, наведена е листа на шпекулативни, непрецизни недвижнини и тие му се накалемуваат на директорот на „Македонија пат“ како сопственост и наводен криминал, а притоа се споменуваат личности и се изнесуваат семејни прилики. Без да навлегуваме во мотивите за ваквата објава, ќе споменеме само дека постои законска процедура и постапка за откривање на евентуално нелегално стекнат имот. 

Понатаму, во написот се тврди дека некои фирми наводно не можеле да си ги наплатат побарувањата, ама и за ова не се понудени докази. Не се кажува кои се фирмите, а нема ниту изјави од раководните лица. Едноставно текстот е штур со факти, а богат со обвинувања.

Во написот, исто така, е даден линк кој води до друга објава ( од претходниот ден – 14.04.2020) полна со обвинувања  со кои му се наштетува на честа и угледот на споменатиот функционер и на  неговото семејството. Но, нападите врз директорот на „Македонија пат“ продолжуваат и наредниот ден (16.04.2020), во текст кој воопшто не е ни напишан со кирилично писмо, нема ни интерпукциски знаци. Во него е пласирано писмо од наводен вработен, во кое се обвинува директорот за мито, корупција, наместени тендери, арно ама и за ова  нема докази.

Не е контактирана ниедна институција за тоа дали против функционерот навистина се води истрага, не е побаран имотен лист, не е прашана Државна комисија за спречување на корупцијата.  За ваквите наводи и обвинувања нема материјални, пишани докази, документи или изјави од наводни оштетени.

Никој не смее да клевети, да бара одговорност и да доведува во прашање нечиј углед и приватност, без основани и цврсти докази, големо истражување, стабилни извори кои ќе бидат подготвени да стојат зад кажаното. Во спротивно изнесените наводи немаат кредибилност

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести