verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Кина ќе гради или само ќе ја истражува можноста за изградба на нуклеарка?

on 16 - 06 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

vecer

[Рецензија:Кина ќе гради нуклеарка во Македонија?]

 

Ова е пример како една убава и интересна тема може да се упропасти ако се навлезе во популистички води и се спинува нешто што е крајно нереално, а која, кога би се обработила коректно, би заслужувала позитивна рецензија. „Кина ќе гради нуклеарка во Македонија?“, наслов што навистина го продава текстот. Но, во содржината нема соодветна аргументација што би го поткрепила ваквиот наслов.

FireShot Screen Capture #162 - 'Кина ќе гради нуклеарка во Македонија_ I Вечер' - vecer_mk_makedonija_kina-kje-gradi-nuklearka-vo-mЛинк до оригиналниот напис: Кина ќе гради нуклеарка во Македонија?

Датум и време на објавување: 12.06.2016 20:00

Датум на рецензирање: 14.06.2016

Рецензент: Александар Писарев

 

ЛОШ КОЛАЖ

Текстот е колаж од разни малку хаотично пласирани и содржински несредени и неповрзани информации за кинескиот мегапроект „Еден појас – еден пат“ со кој Кина го оживува Патот на свилата и во рамките на кој го развива проектот „16 плус еден“, во кој до 2030 година Кина ќе развива економски проекти со 16 земји од Централна и од Источна Европа, секако во рамките на тоа и со Македонија.
Во уводниот дел на текстот и во самиот наслов се најавува дека „Кина ќе гради нуклеарка во Македонија?“ Прашалникот на крајот од насловот е мала олеснителна околност со која, сепак, е направена ограда дека тоа можеби нема да се оствари. Но, спинот е постигнат.

Веќе во следниот пасус текстот си „скока сам на себе во устата“ и ја демантира најавената приказна дека „Кина ќе гради нукеларка во Макеоднија“, па низ изјавата на претставникот на Секретаријат на НР Кина за соработка со земјите од ЦИЕ, Хуо Јуџен, појаснува дека Кина ќе ги истражува можностите за реализација на ваков долгорочен  проект.

„Кина во моментов ги истражува можностите да ги надгради постоечките капацитети, но и да изгради конплетно нови објекти од ваков тип заедно со нејзините европски партнери. Конкретно таков проект се реализира во Полска и во Чешка република, а што се однесува до Македонија стоиме отворени за контакт од вашите власти по ова прашање“.

 

МАРГИНАЛИЗИРАНИ ВАЖНИ ПОДАТОЦИ

Целта била да се претстави нешто грандиозно, мегапроект во мандат на оваа влада, па макар и со мали шанси за реализација. На сметка на тоа, маргинализирани се важни податоци од кинескиот проект, заборавени се реалните можности на Македонија во рамките на овој проект што не се ни малку за потценување (но, не се така сензационални како изградба на нукеларна централа).

Ако веќе се отворила старо-новата  тема за нуклеарката, таа содржински требало и да се затвори и да им се објасни на читателите дека за такво нешто шансите се никакви бидејќи за изградба на нуклеарка треба да се запазат и строгите меѓународни прописи и да постои консензус во државата и согласност од соседите.
Соседите пред неколку години се изјаснија дека нема да дадат согласност, а во 2011 година, кога ова прашање беше актуелно на домашна сцена, и довчершниот коалициски партнер во Владата, партијата ДОМ, предложи резолуција против изградба на нуклеарка во Макеоднија и траен мораториум за ваква идеја.

Во јавен интерес е да се каже вистината кога е во прашање заинтересираноста на Кина за вложувања во оваа област во Македонија, а тоа се 12 мали хидроелекртрани на реката Вардар во вредност од 1,5 милијарда евра.

Од текстот може да се заклучи дека неговиот автор присуствувал на една од промоциите на оваа идеја во Кина и тоа била одлична можност за ангажирана репортажа и за претставување на овој интересен проект во регионот.  Но, тука, за жал, акцентот во уводниот дел од написот е ставен на сензационализам и на спинување, а според новинарскиот Кодекс, токму сензационализмот  треба да се  избегнува во текстовите.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

повеќе извори

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

сеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

нејасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести