verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Сервис за проверка на факти од медиумите

Проект на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија
USAID Logo

Каша-попара од текст

on 16 - 01 - 2017       
Овој напис го има и на: Албански

 

Zurnal

[Рецензија: СДСМ Ѝ СЕ ДОДВОРУВА НА ДУИ: Прифатлива е платформата на албанските партии]

Овој текст е полн со шпекулации и со рекла-кажала муабети. Информациите кои се пласирани во него немаат извор ниту, пак, некаква реална потврда. Написот е политички мотивиран и е тенденциозен.

 

СДСМ Ѝ СЕ ДОДВОРУВА НА ДУИ Прифатлива е платформата на албанските партии zurnal.netЛинк до оригиналниот написСДСМ Ѝ СЕ ДОДВОРУВА НА ДУИ: Прифатлива е платформата на албанските партии

Датум и време на објавување: 10.01.2017, 13.57

Датум на рецензирање: 16.01.2017

Рецензент: Ана Анастасовска

 

НАСЛОВОТ НЕ Е ПОДДРЖАН ВО ТЕКСТОТ

Самиот наслов е во голема мера ударен и сензационален и на прв поглед изгледа убедлив. Но, кога ќе се прочита текстот, ќе се сфати дека тоа што се тврди во насловот нема никаква поткрепа.

На самиот почеток од написот се гледа неговата тенденција.

„Заев кој во кампањата ветуваше кантони и форми на федерализација, сега иако поразен од народот бил спремен на сè само за да влезе во владата“.

Заев за време на кампањата никаде не спомна дека е за федерализација на државата ниту, пак, такво нешто имаше во изборната програма на СДСМ. Федерализацијата e најголемиот предизборен спин на ВМРО-ДПМНЕ против Заев.

Понатаму, тенденциозно се тврди дека Заев бил подготвен да прифати сè само за да влезе во владата. Што е тоа „сè“ и од каде е ваквата информација, одговор во текстот нема. Наместо одговор, имаме шпекулации.

„СДСМ остана единствената политичка партија која официјално не зазема став за платформата постигната од албаските политички партии. Но зад сцената дознаваме дека Заев и раководството испратиле пораки до ДУИ и Ахмети дека би прифатиле се што е напишано во платформата само да се играчи за составување на новата влада. За ова нема потврда ниту јасен демант од СДСМ“.

Иако е јасно наведено дека СДСМ е единствената партија која официјално не зазела став околу платформата на албанските партии, сепак написот подгрева шпекулации дека Заев и раководството биле подготвени да прифатат сè само за да бидат дел од владата.

 

ТВРДЕЊА БЕЗ ПОТКРЕПА

Вакви сериозни информации мора да бидат поткрепени од сериозен извор, но и да се проверат од сите можни страни. Вака пренесени, изгледа како да се слушнати на улица.

Текстот како потврда на напишаното на читателот му нуди своеволно толкување на ставови на новинари, критичари на власта и истите ги поврзува со некаков став на СДСМ.

Направена е каша-попара. Важно, спинот се пласира ударно. Овој текст нема никаква врска со новинарски производ. Нема извори, нема втора страна, нема потврда на информациите, нема ништо… Има само манипулации.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални, анонимни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

не апликативно

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за најнови вести