verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Каменот од блиску доаѓа (од самата власт, не од опозицијата)

on 20 - 11 - 2015       

federalizacija-09876-0987

 

[Рецензија: Антидржавното однесување на СДСМ доведе до конференција за федерализација]

 

„Утка“ од текст во секоја смисла. Се потпира само на плукачки елементи, на бајати и на извлечени од конекст изјави, кои се употребуваат како темел за тезата дека опозициското дејствување ќе довело до, како што се вели, одржување на конференција за федерализација на Македонија. Подалеку од вистината не можело да биде.

1111Линк до оригиналниот напис: Антидржавното однесување на СДСМ доведе до конференција за федерализација

Датум и време на објавување: 18.11.2015, 12:22

Датум на рецензирање: 19.11.2015

Рецензент: Владимир Мирчески

 

СТРАШИЛО-ТЕКСТ

Ова е класична манипулација, без каква било дилема. Се пласира чиста невистина. Притоа, „аргументите“ што се нудат се апсолутно неиздржани и со нив на публиката само ѝ се продава „ветер и магла“ за наводна вина на опозицијата што во декември ќе се одржува конференција на која ќе биде објавена анализа за досегашното имплементирање на Охридскиот договор и врз основа на која ќе бидат презентирани наредните чекори. Да разјасниме: станува збор за проект на владиниот секретаријат за спроведување на Охрдискиот договор, а не за иницијатива на СДСМ. Поточно, вицепремиерот Муса Џафери ја „тера“ целата работа и за таа цел и е ангажиран поранешниот посредник од воената 2001 година, Питер Фејт. Значи, опозицијата со тоа нема каква било врска. Изјавите на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, како и настапите на Љубомир Фрчкоски и колумните на Бранко Героски што во написот сесрдно се презентираат како некаков си „крунски доказ“ за црно сценарио на опозицијата, не се во релација со чекорите што ги презема владиното тело – Секретаријатот за спроведување на Охридскиот договор. Со него раководи кадар на ДУИ – партијата-партнер на ВМРО-ДПМНЕ. Тие заедно ја водат Македонија веќе седум и пол години. Пак да разграничиме, пренесените изјави во текстот, делумно надвор од контекст, се друга работа и тие немаат тежина од аспект на конкретните чекори што ги најави самиот Џафери зашто сигурно е дека ниту Заев, ниту Фрчкоски, ниту Героски седат во кабинетот на вицепремиерот и ги издаваат насоките за можното надградување на Охрдискиот договор. Затоа формулациите како:

„СДСМ, неговиот лидер Зоран Заев и најекспонираните опозициски експоненти Љубомир Фрчкоски и Бранко Героски, изминатив период подготвуваа терен за отворање на темата за федерализација на државата. Ваквото антидржавно однесување донесе одржување на конференција на која ќе се побара втор рамковен договор и федерализација на Македонија.“

се ноторна невистина и манипулација. Тоа јасно се гледа откако би се вратиле само месец и половина наназад:

„Муса Џафери смета дека е време за надградба на Охрдискиот договор

Вицепремиерот за Рамковен договор, Муса Џафери денеска навести и оти ДУИ ќе бара и отворање на Уставот за унапредување на употребата на албанскиот јазик, односно измена на амнадманот пет, за албанскиот јазик да стане втор официјален јазик во државата, еднаков со македонскиот.“ – (29.09.2015 Дневник).

 

„КАМЕНОТ ОД БЛИСКУ ДОАЃА, А НЕ ОД ДАЛЕКУ“

Оттука медиумите кои координирано, во еден глас, сигурно не случајно, удрија врз опозицијата дека таа е креатор не некакви си конференции за федерализација, подобро да чукнат на вратата на кабинетот на Џафери зашто очигледно е дека институцијата што тој ја води е одговорна за анализата на Охрдискиот договор, врз основа на која ќе се разгледува што понатаму треба да се преземе. Заев, Фрчкоски и Героски имаат право на свое мислење, како и секој во земјава, но тие не ја водат државата, па оттука нивните идеи не можат да добијат институционална рамка како што се претставува во овој страшило-материјал.

„Идејата на истакнатите опозиционери Героски и Фрчкоски и изјавите на Заев подготвувале терен конференција за федерализација. Героски отварал врата на ова што следи, додека Заев и Фрчкоски праќале сигнали на тема албански јазик и Албанец премиер заради конференцијата за федерализација планирана за декември.“

Спин и параноја, непоткрепена, дека опозицијата е лоша и ѝ мисли само лошо на Македонија, за разлика од „бранителите“ на националните интереси, ама според приложеното тоа не е така зашто барањата за рекомпонирање на Охрдискиот договор опозицијата не ги официјализира низ институционално дејствување, туку доаѓаат однатре од самата власт или како што еден поранешен функционер така сликовито кажа: „Каменот од блиску доаѓа, не доаѓа од далеку“.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

извртени

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, анонимни

повеќе извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести