verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Камчев не призна дека Филипче е вмешан во рекетот

on 10 - 12 - 2019       

[ФИЛИПЧЕ ВМЕШАН ВО PEKETOT: Ckандалозно признание на Орце Камчев во cyдницата]

Погрешен наслов што ја дезинформира публиката го „краси“ овој текст. Донесен е целосно погрешен заклучок од исказот на еден од сведоците за време на судењето за случајот „Рекет“, еден од најголемите скандали во независна Македонија.

Линк до оригиналниот напис: ФИЛИПЧЕ ВМЕШАН ВО PEKETOT: Ckандалозно признание на Орце Камчев во cyдницата

Датум и време на објавување: 06.12.2019

Датум на рецензија: 08.12.2019

Рецензент: Симона Атанасова

Орце Камчев, за време на второто рочиште од овој случај, сведочеше и објаснуваше како бил рекетиран од обвинетите во случајот, Бојан Јовановски, Зоран Милевски и поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева.

Камчев, за време на вкрстеното испрашување од Боки 13, во судницата рекол дека на една од средбите меѓу останатите бил присутен и министерот за здравство Венко Филипче. И толку. Во ниту еден контекст тој не тврдел дека Филипче е дел од рекетот.

Но, на оној кој го пишувал текстот што е предмет на оваа рецензија, доволно му било спомнувањето на името на Филипче за да се стави во улога на обвинител и без потврда и докази да го обвини за вмешаност во рекетот.

И сето тоа е спакувано во текст со сензационалистички наслов со големи букви кој тврди дека Филипче е вмешан во рекетот и дека тоа е признание на Орце Камчев. А, во ситуација кога сите очекуваат информација плус од судењето, ваков текст силно одекна на социјалните мрежи каде што читателите за многу кратко го осудија Филипче за вмешаност.

Откако заврши рочиштето, Камчев во изјава до медиумите објасни дека Филипче не бил вмешан во бизнис-зделките на Боки 13.

Ако Венко Филипче барал нешто на тој состанок, да знаете, сигурно ќе беше пријавено. Јас и Венко Филипче со години сме пријатели. Над 20 години. Тој работеше во нашата болница одреден период. Тој ми беше пријател и ќе ми биде пријател. Бојан Јовановски имаше идеја да се прави некое јавно-притватно партнерство за некоја болница. Ние му рековме дека тоа не држи вода иако тој може преку некои негови врски тоа да го лобира. И тоа беше тоа на состанокот, додаде Камчев по судењето.

Средбата ја потврди и Филипче кој во изјава за Нова Тв вели дека од тоа не излегло ништо и дека друга средба потоа немало.

Средбата која се споменува во денешното судење за случајот „Рекет“ се одржа на барање на Бојан Јовановски на која јас и Орце Камчев бевме повикани да разговараме за некакво јавно приватно партнерство за болница која тој имал намера да ја прави.

Иако и Камчев и Филипче објаснија за што станува збор, сепак интензитетот на споделување и коментирање на првичната вест беше далеку поголема.

Медиумите и новинарите мораат со особена внимателност да известуваат од судски рочишта, особено за вакви големи случаи за кои е заинтересирна целата држава. Бидејќи снимање со камери не е дозволено за време на судските рочишта, јавноста може да се информира единствено преку медиумските извештаи и затоа е многу важно тие да се прецизни, точни и ослободени од каков било сензацинализам и трка за кликови.

Ова е децидно наведено во членот 8 од Кодексот на новинари.

Начинот на информирање во случаи на несреќи, елементарни непогоди, војни, семејни трагедии, болести, судски постапки мора да биде ослободен од сензационализми. Во судските постапки треба да се почитува принципот на пресумпција на невиност, да се известува за сите инволвирани страни во спорот и да не се сугерира пресуда.

Овој напис е преземен од проектот “Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, кој е спроведуван од Фондацијата „Метаморфозис“ и ЕВРОТИНК. Проектот е финансиран од Европската Унија. Ставовите и мислењата изнесени во овој напис не секогаш ги одразуваат оние на ЕУ. Написите од „Критинк“ се слободни за преземање со наведување на изворот и без измени и кратења.

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

Претплатете се за најнови вести