verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Како се дознава кога едно видео било објавено на „Јутјуб“

on 23 - 02 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански
Едноставниот интерфејс на „Youtube DataViewer“.
Едноставниот интерфејс на „Youtube DataViewer

 

На прв поглед, „Јутјуб“ не го покажува времето на објавување на видеоклипови. Сепак, точното време може да се пронајде преку апликација која ги вади метаподатоците на виделина

 

Пишува: Филип Стојановски, магистер по е-бизнис менаџмент

 

При објавување на видеоклип на сервисот „Јутјуб“, како јавно достапен податок за времето на објавување во текот на првите 24 часови е наведено само пред колку часа било објавено видеото, а потоа само на кој ден – датум без час. Ова создава практични проблеми за новинарите и за граѓаните во ситуации кога сакаат да утврдат точно време  на „закачување“ на дадена видеоснимка.

Една алатка која може да се искористи за оваа намена е YouTube Data Viewer (анг. за прегледувач на податоци од „Јутјуб“), развиен од „Амнести интернешнал“.Како практичен пример може да послужи текстот насловен „Кој е побрз, Сител или Youtube?“ (sic), објавен на 3 февруари 2015 година во 00.15 часот на веб-страницата на „Фокус“. Во него, новинарот се обидува да најде одговор на прашањето дали одреден видеозапис бил објавен пред или по точно одреден момент. Во недостиг на податок за точно време, авторот вади заклучоци со широка маргина на грешка, со право претпоставувајќи дека податокот „објавено пред 3 часа“ може да значи и дека е објавено пред три часа и една минута, до три часа и 59 минути.  Написот наведува дека на телевизијата видеозаписот го емитувала во 19:32 часот,  во рамки на вечерниот ТВ-дневник, кој почнува од 19 часот. Овој податок се користи за споредба за да се искаже сомнеж, но, сепак, во ситуацијата останува потребата за прецизно утврдување на точното време на објавување.

Во списокот на видеа на даден канал (во случајов „Скај њуз“), „Јутјуб“ го прикажува времето на објавување во минути за видеа качени пред помалку од еден час, во часови за објавените пред помалку од еден ден. Во сите други случаи на прв поглед достапен е само денот, т.е. датумот. (Кликнете на сликата за поголема верзија.)
Во списокот на видеозаписи на даден канал (во случајов „Скај њуз“), „Јутјуб“ го прикажува времето на објавување во минути за видеозаписи закачени пред помалку од еден час, во часови за објавените пред помалку од еден ден. Во сите други случаи на прв поглед достапен е само денот, т.е. датумот.
(Кликнете на сликата за поголема верзија.)

„YouTube Data Viewer“-от s е едноставна алатка со која може да се извадат скриените податоци од видеоклипови хостирани на „Јутјуб“. Тој овозможува вадење на следните варијабли, кои се многу полезни за утврдување на оригиналната содржина:

  1. Точно време на закачување (Exact Upload Time) Полезно при утврдување кој видеозаппис е оригинален ако треба да се споредат неколку копии на ист видеозапис од ист датум, како и за утврдување на точниот датум на закачување во некои случаи (кој може да биде поинаков од јавно објавениот податок за време на објава).
  2. Сите мали сликички (Thumbnails) Полезно при наоѓање постари верзии на истиот видеоклип, преку спроведување „обратно“ пребарување слики – според графичката содржина на самата слика.

Користењето на алатката е едноставно. По кликнувањето на линкот  www.amnestyusa.org/citizenevidence/ се појавува формулар, во кој треба да се внесе адресата на видеоклипот за кој сакаме да дознаеме точно време на објава. Алатката овозможува вадење на метаподатоците кои „Јутјуб“ ги чува заедно со видеозаписот.

Така, при внесување на видозаписи од посочениот профил на корисникот „hoho lol“, се добиваат следните резултати. При тоа, мора да се напомене дека времето на објавување „Јутјуб“ го пресметува според Координираното универзално време (анг. Coordinated Universal Standard Time – UTC). Ова време отприлика одговара на средното време по Гринич. Алатката нуди и можност да се пресмета локалното време со избор на соодветната временска зона.

Резултати од примената на „Youtube DataViewer“, со датумот и времето по Гринич. Кликнете на сликата за поголема верзија. д
Резултати од примената на „Youtube DataViewer“, со датум и време по Гринич. Кликнете на сликите за поголема верзија

Со кликнување на линкот „convert to local time“ – односно „конвертирајте во локално време“, алатката ве префрла на апликација со која може да го дознаете точниот час и минута во временска зона по избор.

„Youtube DataViewer“ автоматски го префрла корисникот кон апликација за конверзија на датумот и времето, при што податоците по Гринич се веќе внесени и само треба да се избере временската зона. Податоци за време за второто видео.
„Youtube DataViewer“ автоматски го префрла корисникот кон апликација за конверзија на датумот и времето. При тоа, податоците по Гринич се веќе внесени и само треба да се избере временската зона. Кликнете на сликите за поголеми верзии.

Со притискање на копчето „Convert time“, се добива резултатот според локалното време на избраната временска зона.

„Youtube DataViewer“ автоматски го префрла корисникот кон апликација за конверзија на датумот и времето, при што податоците по Гринич се веќе внесени и само треба да се избере временската зона. Конечното време на второто видео.
На крај, се добива и времето кога е закачен видеозаписот.
Кликнете на сликите за поголеми верзии.

Во примерот, апликацијата покажува дека „Јутјуб“ запишал дека првиот видеоклип е „закачен“ во 19:00, а вториот во 20:25 часот по македонско време. Овие податоци потоа може да се искористат при споредби со времињата на емитување на ТВ при натамошното градење аргумент и вадење заклучоци за веројатноста на првобитно симнување од „Јутјуб“.

 


Оваа новинарска лекција е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Новинарската лекција e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на новинарската лекција е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

Претплатете се за најнови вести