verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Како НЕ треба да се пренесуваат реакциите на лица или институции

on 18 - 11 - 2019       

Меѓусебните реакции помеѓу лица и/или институции, секако, треба да се пренесуваат доколку содржат тема од јавен интерес, но истите треба да бидат обработени во форма на новинарски напис и да бидат вклучени сите страни. Во таков случај текстот не смее да биде пристрасен, како што е случајот со написот што го разгледуваме.

Iliria News: Директорот Села реагира против објавата на Арбен Таравари

Линк до оригиналниот напис: „Директорот Села реагира против објавата на Арбен Таравари“ “Drejtori Sela reagon kundër shkrimit të Arben Taravarit”

Датум на објавување: 02.11.2019

Датум на рецензија: 03.11.2019

Рецензира: Фатбарда Цури

Како не треба да се пренесува реакцијата!

Првично, написот што ја содржи реакција на директорот на Агенцијата за спроведување на законот за употреба на јазиците, Илбер Села не беше адаптиран за читателите или јавноста да ја разберат фактичката состојба на проблемот за кој се известува во текстот. Така, написот не започнува со информацијата за тоа кој зборува и за што зборува, туку е само копија на реакцијата на Села.

„Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, на својата страница на Фејсбук објави реакција против Агенцијата за спроведување на јазици, преку која се појави како бранител на албанскиот јазик. За да ги отфрлиме неговите невистинити, ние сме должни да ги објасниме за доброто на граѓаните. Прво, Арбен Таравари во насловот вели: „ДУИ назначува Македонци да се грижат за спроведувањето на албанскиот јазик“. Без да сакаме да станеме адвокат на ДУИ, А. Таравари не разликува назначување и вработување. Значи, може да биде назначен некој функционер, на пример министер, директор, итн., но во овој случај станува збор за вработување, а не за назначување!“, се вели во првиот пасус од написот што го разгледуваме.

Наместо тоа, медиумот требаше да направи вовед дека директорот на Агенцијата за спроведување на законот за употреба на јазиците, Илбер Села, реагирал за градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, бидејќи Таравари го критикувал за „икс“ извесен случај, што во овој случај било „вработувањето на двајца Македонци во Агенцијата“.

Пристрасност и непочитување на страните

Покрај неновинарското пренесување и ненагласувањето дека тој се пренесува без да се разгледува, медиумот исто така бил пристрасен или не ги претставил страните на ист начин во написот. Тој ја пренесува реакцијата на Села, а никаде не се наведува во написот што рекол Таравари. Оттука, медиумот се покажал пристрасен, што е во спротивност со Етичкиот кодекс на новинарите.

Во текстот е истовремено користин и концептот на манипулација наречен „аргумент против лице“, кој има за цел да пренесе информации и ставови што ја потврдуваат хипотезата која ја има за цел медиумот или лицето кое реагирало, создавајќи ситуација и расположение во јавноста за создавање на креирани ставовите кон лицето за кое се реагира, во случајов Таравари, а приота воопшто да не се објават аргументите или ставовите на страната што е подложена на критика.

За читателите: Информирајте се од повеќе страни

За да се разбере вистинската слика за некој проблем, во овој случај на „ангажирање двајца Македонци во Агенцијата“, добро е да се добијат информации од повеќе страни. Во овој случај, иако медиумот не го пренесува ставот на Таравари, но само реакцијата против него, препорачливо е вие како читатели сами да побарате став од другата страна. Во конкретниот случај ова може да ве поттикне да пребарувате на социјалната мрежа Фејсбук, за да ја разберете реакцијата на Таравари. На овој начин, ќе бидете добро информирани и ќе создадете целосна слика за ситуацијата.

Овој напис е преземен од проектот “Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, кој е спроведуван од Фондацијата „Метаморфозис“ и ЕВРОТИНК. Проектот е финансиран од Европската Унија. Ставовите и мислењата изнесени во овој напис не секогаш ги одразуваат оние на ЕУ. Написите од „Критинк“ се слободни за преземање со наведување на изворот и без измени и кратења.

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

Претплатете се за најнови вести