verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Јавна дебата: Од МРТ до независна јавносервисна радиодифузија во Македонија

on 3 - 12 - 2014       

logo-mdc-09876-098

Центарот за развој на медиуми (ЦРМ), во рамките на  проектот на УСАИД за одговорни медиуми и за законодавни реформи во медиумската сфера,

на 4 декември (четврток) 2014

во хотелот „Стоун бриџ“,

со почеток во 11 часот,

организира дебата: 

„Од МРТ до независна јавносервисна радиодифузија во Македонија“

На оваа дебата ќе биде претставен истоимениот документ на ЦРМ за јавна политика чиј автор е комуникологот д-р Климе Бабунски.

Дискусијата која ќе биде посветена на потребата од независен јавен радиодифузен сервис во Македонија, ќе ја модерира новинарката Санта Аргирова, а панел-дискутанти ќе бидат Снежана Трпевска од Високата школа за новинарство; комуникологот Сефер Тахири; претседателот на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Насер Селмани и Драган Антоновски од Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници.

 

Претплатете се за најнови вести