verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Извртување на вистината за да се оцрни СЈО

on 21 - 07 - 2016       

kurir

 [Рецензија: Катица Јанева продолжува со обидите незаконски, преку политички спектакли да го урива угледот на функционери на ВМРО-ДПМНЕ]

 

Насловот, но и текстот што е предмет на рецензија е спин, бидејќи ја извртува вистината за улогата на Специјалното јавно обвинителство во однос на предметите што ги опфаќа. Без никакви докази, СЈО се обвинува за режирање на „политички спектакли“ преку кои, наводно, се урива угледот на функционери на ВМРО-ДПМНЕ. Меѓутоа, наспроти ваквото тврдење за СЈО и за случајот за градоначалникот на Битола, Владимир Талески, стои фактот дека тој беше во куќен притвор, мерка што му ја одреди Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1. Тој е првоосомничен во случајот „Транспортер“ што го отвори Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Но, за овој случај, во текстот нема ниту збор.

Katica Janeva.kpgЛинк до оригиналниот напис: Катица Јанева продолжува со обидите незаконски, преку политички спектакли да го урива угледот на функционери на ВМРО-ДПМНЕ

Датум и време на објавување: 20.07.2016

Датум на рецензирање: 20.07.2016

Рецензент: Силвана Жежова

 

ПРИКРИВАЊЕ ИНФОРМАЦИИ

На почетокот од написот во коментаторски манир се забележува:

„… градоначалникот на Општина Битола, Владимир Талевски денеска беше повикан на разговор во СЈО, што е службено дејствие во рамки на истрагата. Иако ова дејствие треба да биде тајно, медиумите под контрола на СДСМ – Сорос поставени веќе го чекаа неговото пристигнување во СЈО“.

Но, случајот „Транспортер“ во кој градоначалникот Талески и уште 22 лица се товарат за злоупотреби со превозот на ученици во Битола е јавен интерес. Тие се осомничени дека со злоупотреба на службената должност и овластувања го оштетиле буџетот на државата за 360.000 евра. Притоа, јавноста има право да знае до каде е постапката за овој случај. Впрочем, членот 7 од Кодексот на новинарите  јасно укажува дека

Новинарот ќе ја почитува приватноста на личноста, освен кога тоа е во спротивност со јавниот интерес.

Понатаму во текстот, без никакви аргументи се коментира дека против Талески „недостигаат материјални докази“.  Иако, доколку навистина постои таква ситуација со доказниот материјал, по редот на нештата треба да се произнесат надлежните институции. Меѓутоа, оваа објава се обидува да креира перцепција дека битолскиот градоначалник, наводно, е жртва на некакво заговорничко сценарио, па прави конструкција од типот:

„Упатените коментираат дека проценката на СЈО и СДСМ е дека во недостиг на никакви материјални докази против Талевски, треба максимално да се искористи моментот и барем медиумски да се поентира преку негово оцрнување од страна на новинарите кои се на платни списоци на СДСМ – Сорос“.

 

 

ЈАВНОСТА ИМА ПРАВО ДА БИДЕ ИНФОРМИРАНА

Во написот се цитира и членот 29 од Законот за кривична постапка кој се однесува на тајноста на предистражната постапка.

„Законот за кривична постапка е целосно јасен во тој дел. Изричито вели дека и предистражната и истражната постапка се тајни, што само по себе значи дека секое прекршување на тајноста, па дури и да е заради политички потреби на СДСМ е кривично дело“.

Но, треба да се напомене дека овој член повеќе се однесува на тајноста која треба да ја почитуваат надлежните институции при спроведување на истрагата, односно да не откриваат информации на јавноста додека трае истрагата. За волја на вистината, Специјалното јавно обвинителство досега не се произнело со детали за овој случај, со кои би се прекршил споменатиот член од Законот. На медиумите, пак, не може да им се забрани да се интересираат за случајот.

Медиумите кои во написот се етикетирани дека се „под контрола на СДСМ-Сорос“ , само ѝ овозможија на јавноста да дознае до каде е случајот „Транспортер“, но и да ја слушне изјавата на градоначалникот Владимир Талески по излегувањето од распитот во СЈО. Правото на јавноста да биде навремено информирана за овој случај, не го прекршува членот 29 од Законот за кривична постапка, бидејќи не се изнесуваат детали за истрагата, туку само факти.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, неофицијални

релевантни, нерелевантни

повеќе извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

политичка дискриминација,

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести