Изнасилени фалби за власта
Објавено во Рецензии
on 1 - 12 - 2016 Автор: Александар Пешев[Рецензија: Попоски маестрален, Пендаровски катастрофален (ВИДЕО)]
Кратка вест од два пасуса под коментаторски наслов која се повикува на блокиран видеозапис. Кога се прикажува видеоматеријал, во согласност со професионалните практики, впечатоците треба да ѝ се препуштат на публиката. Во конкретниот случај, авторот на видеозаписот му ја одзел дозволата на интернет-медиумот да ја реемитува дебатата, па гледачот нема никаков извор на информации освен туѓите впечатоци.
Линк до оригиналниот напис: Попоски маестрален, Пендаровски катастрофален (ВИДЕО)
Датум и време на објавување: 30.11.2016
Датум на рецензирање: 30.11.2016
Рецензент: Александар Пешев
НАМЕСТО ФАКТИ – ВПЕЧАТОЦИ
Наместо публиката самата да процени, написот уште во самиот наслов споделува впечатоци. Кој утврдил дека Попоски е маестрален, а Пендаровски е катастрофален? По кој критериум е направена оцена на настапот на двајца соговорници и зошто не е направена слична „анализа“ и за другите гости?
Имајќи предвид дека констатациите не се поддржани со факти и со аргументи и не се открива методологијата по која е утврден квалитетот на настапот на двајцата гости, имаме јасно коментирање и политичка пристрасност, што е во спротивност со професионалните начела:
Известувањето од политичките процеси, особено од изборите треба да биде непристрасно и избалансирано. Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти. – член 14 од Кодексот на новинарите на Р.М.
Воведот на текстот не е проблематичен, но станува збор за технички вовед. Се претставуваат гостите во емисијата која се пренесува и медиумот што ја организирал. Веќе во следниот пасус се издвојува еден од гостите, Пенардовски, и тој се става во негативен котекст:
„Бомбите на опозицијата, работата на СЈО и судството во Македонија, евроинтеграците, центрите на моќ кои мешаат прсти во македонските работи, од каде доаѓаат странските служби, што ` е проиритет на власта, излез од двегодишната криза што ја наметна СДСМ, се темите на кои Пендаровски остана нем, соборен со факти“.
Се создава впечаток дека текстот е недоработен. На публиката не ѝ се понудени извадоци од интервјуто со кое би се потврдиле тезите дека едниот соговорник бил подобар од другиот. Наместо факти и аргументи, осамнуваат коментарите чија функција е да наметнат мислење кај публиката пред таа да ја прегледа целата едночасовна видеоснимка. Дополнително, „Алсат М“ го блокирала пристапот до видеозаписот што се употребува во објавата, не дозволувајќи му на интернет-медиумот да ја пренесува снимката. Па, без видеозаписот остануваат само нафрлените коментари, при што пласираната содржина целосно „виси“.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
нема факти
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
нема евидентирани извори
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
не може да се одреди
наведен извор со линк
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
нема
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
неквалитетни мултимедијални елементи
има контекстуални линкови
стилски уреден
поврзан со тагови