verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Избрзани констатации, погрешен резултат

on 13 - 10 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

fireshot-capture-69-ekskluzive_-deshton-prokuroria-special_-http___www-shqipmedia-com_ekskluzi

 

Напис: Ексклузивно: Специјалното јавно обвинителство потфрли, претставници на ДУИ и на ДПА повикани во Амбасадата на САД

Претставници од албанските партии ДУИ и ДПА се поканети на разговор во Амбасадата на САД во Скопје.

Средбата следува по вчерашното гласање за предлозите на Специјалното jавно oбвинителство за законски измени, од кои ниеден не беше усвоен. СЈО произлезе од Договорот од Пржино, а САД се нивен гарант, известува „Нова“.

Вчера, пак, амбасадата на САД во Скопје излезе и со официјална изјава, која гласи:

„Отчетот за неовластените прислушувања и сомнежи за злоупотреби е од суштинска важност за да може Македонија да излезе од продолжената криза. Веруваме дека барањата на СЈО се правилни за независна истрага и врз основа на фактите“, се вели во реакцијата на американската амбасада во Скопје.

 

[Рецензија: „Ексклузивно: Специјалното јавно обвинителство потфрли, претставници на ДУИ и на ДПА повикани во Амбасадата на САД“]

Грешките се прифатливи и во новинарската професија, иако одговорноста за нив е многу висока. Обично медиумите грешат поради временскиот притисок, во неможност да се потврди информацијата, како и поради брзањето за да се обезбеди ексклузивна содржина што ја нема ниту еден друг медиум. Меѓутоа, намерните пропусти се професионално непростливи.

shqipmedia-ekskluzive-deshton-prokuroria-speciale-1Линк до оригиналниот напис: „Ексклузивно: Специјалното јавно обвинителство потфрли, претставници на ДУИ и на ДПА повикани во Амбасадата на САД

Датум и време на објавување: 05.06.2016

Датум на рецензирање 06.10.2016

Рецензент: Фатлуме Дервиши

Информацијата што ја пренесува написот е важна, особено за последните случувања во врска со СЈО, како и нивната поврзаност со политиката на двете спомнати партии. Но, неколку проблеми во изградбата на содржината го прават написот несериозен, без разлика на сериозноста на прашањето. Поради „неуспехот“ на неколкуте предлог-закони потребни за работата на Специјалното обвинителство, во насловот на текстот се спомнува дека потфрлило самото Специјално обвинителство. Ова не е вистина, но е ставено во насловот за да се привлече внимание.

„Претставници од албанските партии ДУИ и ДПА се поканети на разговор во Амбасадата на САД во Скопје. Средбата следува по вчерашното гласање за предлозите на Специјалното јавно обвинителство за законски измени, од кои ниеден не беше усвоен. СЈО произлезе од Договорот од Пржино, а САД се нивен гарант, известува „Нова“.“

Како што произлегува од содржината, информацијата не е потврдена, ниту од двете спомнати партии ДУИ и ДПА, ниту од Амбасадата на САД во Скопје. Ако не успеал да ја потврди информацијата, а од друга страна имал доволно показатели дека информацијата е вистинита за да се објави, авторот требало да се обиде да ги праша спомнатите субјекти и да посочи во самиот текст дека не добил одговор, се разбира ако имало таков случај.

ETИЧКИ КОДЕKС:

Доколку новинарот смета дека недокажаната информација е од јавен интерес, тој е обврзан да ја објави, но нагласувајќи дека станува збор за непотврдена информација.

 

Новинарот може да објави нешто за што нема толку докази, но за кое има доволно индикации дека е вистинито, односно нешто за кое постои основано сомнение. Основаното сомнение подразбира презентирање на аргументи кои се оправдани и што се индикација дека нешто е вистина, без да се има конкретни докази за вистинитоста.

Ставот на Амбасадата на САД што е пренесен е во рамки на темата, важен е и дава дополнителни информации за целото прашање, меѓутоа не ја потврдува средбата што се вели дека се одржала.

Сосема на крај треба да се оспори и првиот збор на написот, односно во насловот, „Ексклузивно“. Всушност целата содржина го оспорува тоа, бидејќи се цитира „Нова“, портал од каде што е преземена „ексклузивната“ информација. Една информација, која претходно е објавена од други медиуми, не може да биде ексклузивна.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

релевантни,

не може да се утврди

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести