verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Истражувањата за коронавирусот во Шпанија не го потресоа светот

on 7 - 07 - 2020       

Фото: Илустрација

[Рецензија:Нови истражувања го потресоа светот: Откриено е нешто ужасно за коронавирусот и имунитетот на луѓето]

Насловот на текстот шири паника меѓу луѓето и прави од „мравка слон“. Истражувањата во Шпанија за корона вирусот и имунитетот на нејзините граѓани, ниту го потресоа светот, ниту пак, е откриено нешто ужасно. Станува збор за истражувања кои се прават речиси во секоја држава, а сè со цел да се открие повеќе за коронавирусот, кој сè уште е во сферата на непознатото, а оттука и имунолошкиот одговор на организмот на него.

Линк до оригиналниот напис:Нови истражувања го потресоа светот: Откриено е нешто ужасно за коронавирусот и имунитетот на луѓето

Датум и време на објавување: 7.7.2020

Датум на рецензија: 7.7.2020

Рецензент:Силвана Жежова

Текстот се повикува на студија до која нема линк, па оттука тврдењата за наодите од истражувањето за имунитетот на граѓаните на Шпанија, не се поткрепени со никакви докази. Уште помалку, наодите може да се наречат „ужасни“, бидејќи не отстапуваат ништо повеќе од она што и досега е познато за имунитетот и коронавирусот, а тоа е дека не е познато колку време трае имунитетот по закрепнување од вирусот.

Студијата исто така сугерира дека имунитетот кон вирусот може да биде со краток век на траење, бидејќи 14 проценти од учесниците кои биле позитивни на антитела во првата фаза биле последователно негативни во последната фаза

Според Светска здравствена организација претпоставката дека антителата во крвта значат имунитет против вирусот, уште не е доволно научно докажана.

Во моментов не постојат никакви докази дека луѓето кои се опоравиле од Ковид-19 и имаат антитела, се заштитени од втора инфекција. Во светот се во употреба различни тестови за докажување присуство на антитела, но нивната точност и доверливост мора и натаму да се проверува , истакнуваат од СЗО.

Шокантноста на насловот се коси и со напишаното во содржинскиот дел на текстот во кој се пренесени тврдењата на директорот на шпанскиот институт за здравство Карлос III, Ракел Јоти дека:

Имунитетот може да биде нецелосен, може да биде минлив, може да трае само за кратко време, а потоа да исчезне.

Ова тврдење на докторот, всушност е во согласност со тврдењата на СЗО за непознатите факти поврзани со имунолошкиот одговор на организмот на корона вирусот.

Имајќи го предвид ова, насловот е сензационалистички и дезинформира со цел да собере што поголем број на кликови, не земајќи ја предвид основната цел на еден новинарски текст, правилно информирање на јавноста.

Тоа е во спротивност на првиот член на 8. од Кодексот на новинари кој вели дека:

Начинот на информирање во случаи на несреќи, елементарни непогоди, војни, семејни трагедии, болести, судски постапки мора да биде ослободен од сензационализми.

Насловот на текстот е уште еден во низата кои само ја потврдуваат оправданата загриженост на Советот за етика во медиумите (СЕММ), кој неодамна реагираше на „зачестените случаи на неетичко и непрофесионално известување, а особено на ширењето шпекулации кај одредени медиуми во врска со пандемијата на корона вирусот, што дополнително би можело да влијае врз натамошно зголемување на загриженоста и вознемиреноста кај јавноста заснована на неточни информации и сензационализам“.

Овој напис е дел од специјалното известување на „Критинк“ за дезинформациите поврзани со епидемијата на корона-вирусот Ковид-19. Кликнете на линкот за најнови вести и проверени информации од оваа област.

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

Претплатете се за најнови вести