verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецезнија: Испорачани 30 илјади кубни метри огревно дрво до потрошувачите од Пијанечко-малешевскиот регион

on 28 - 10 - 2014       

Isporacani_drva_ogrev_istocna_makedonija-crop-resize

Оваа вест збунува ако малку поблиску се погледнат бројките. А, објавената комбинација на цифри ја прави веста и недоречена. Едноставно, кога ќе се направи математиката, износите наведуваат на заклучоци кои како да се спротивни на она што е напишано во веста или, барем, како да недостигаат редица одговори.

Isporacani_drva_ogrev_istocna_makedonijaЛинк до оригиналниот напис: Испорачани 30 илјади кубни метри огревно дрво до потрошувачите од Пијанечко-малешевскиот регион

Датум и време на објавување: 26.10.2014

Датум на рецензирање: 28.10.2014

Рецензент: Владимир Петрески

Веста нема проблем со вистинитоста и со изворите на информации, а вклучена е и одлична фотографија (сепак, со непознато потекло). Веста е агенциска и е изработена од локален дописник од Берово. Но, проблеми се појавуваат кај содржајноста.

 

ПРОБЛЕМОТ СО МАТЕМАТИКАТА

И тоа кога ќе се погледнат бројките и ќе се направи обична споредба на продадениот огрев со бројот на населението во овој регион, а ако се има предвид објавениот податок дека 90 отсто и од домаќинствата и од фирмите во овој регион се греат на дрва. Математиката е многу едноставна. Ако во овој регион се продадени 30.000 кубни метри огревни дрва, ова количество е доволно за 3-4.000 домаќинства, ако се има предвид дека домаќинствата трошат од седум до десет кубни метри дрва во една грејна сезона. Но, во овој регион има повеќе од 14.700 домаќинства или речиси 20.000 живеалишта од различни видови (станови, итн.) како што покажуваат пописните податоци на државната статистика на долнава табела:

tabela-istocnamakedonija-09876-098

Ако 90 проценти од домаќинствата се греат на дрва, како што вели веста, односно повеќе од 13.200 домаќинства, тогаш ова количество од 30.000 кубни метри е доволно само за една третина од нив. И тоа ваквата математика е без фирмите. А, во веста се вели дека и ним им се продавани дрва за огрев, како и дека и тие се греат на истиот начин. Ако ги земеме предвид и неколкуте стотини фирми од овој регион, кои се вклучени во истото ова количество од 30.000 кубни метри огревно дрво и кои трошат и поголеми количества во просек од оние седум до десет кубици, колку што троши едно просечно домаќинство, испаѓа дека само мал дел од домаќинствата во овој регион, веројатно околу една четвртина или помалку, се имаат снабдено со дрва за огрев преку подружниците на АД „Македонски шуми“ и сопствениците на приватните шуми. Тоа и не би било чудно ако продажбата е сè уште во тек и ако се очекува и останатите домаќинства да извршат набавки на дрва за огрев. Но, веста вели нешто друго:

„Од ЈП „Македонски шуми“ информираат дека потребните количества за оваа грејна сезона благовремено се испорачани, а во нивните стоваришта има и резерви од огревно дрво.“

Ова значи дека продажбата на огревно дрво за оваа сезона е, главно, завршена, што е и логично, со оглед на тоа што во некои делови од земјата грејната сезона е веќе почната и поради падот на температурите и поради календарот, кој вели дека е поминат 15 октомври, кога, на пример, во Скопје редовно почнува грејната сезона за користење на парното греење.

 

ПРОБЛЕМОТ СО МНОГУТЕ ПРАШАЊА

Сето ова покажува дека бројките говорат за помал дел од населението во овој регион, кој се снабдил со дрва за огрев на начинот за кој говори веста – евентуално една четвртина од домаќинствата и фирмите кои се греат со дрва за огрев. Но, што е со другите? И тука почнува канонадата од прашања:

  1. Дали, можеби, поголем дел до населението во овој регион набавува дрва за огрев од други легални снабдувачи, кои не се споменати во веста? Ова нема логика зашто ако имаше и други продавачи, тие сигурно ќе беа вклучени во информациите.
  2. Дали, можеби, поголем дел од населението од спомнатите четири општини, Берово, Пехчево, Македонска Каменица и Делчево, набавуваат дрва надвор од својот регион, од подружниците на АД „Македонски шуми“ и од приватните сопственици на шуми во другите населени места во источниот дел од земјата? Ова нема логика зашто цените се исти, а така само би се зголемиле трошоците за транспорт.
  3. Дали, можеби, сезонава граѓаните решиле на поинаков начин да го организираат греењето во своите домови и во фирмите, а не со дрва? И ова нема логика со оглед на тоа што дрвата за огрев се сè уште најевтин начин на греење.
  4. Дали, можеби, станува збор за купување дрва за огрев на диво, појава која е широко распространета низ земјава? Ова објаснување единствено би имало логика, но не знаеме.
  5. Дали, можеби, во прашање е нешто сосема друго?

Она што оваа вест, исто така, не ни кажува, е колкав процент од продадените дрва се продадени со владиниот попуст за годинава од 15 отсто за ранливите категории и 10 отсто за физичките лица, а колкав процент со полна цена? Во вестите за продажбата на дрва за огрев во други региони, како, на пример, во Куманово, овој процент е објавен. И конечно, интересно ќе беше да се дознае дали продажбата годинава е зголемена или не. Така ќе имавме можност да споредиме дали мерката на Владата за попустот на дрвата за огрев е успешна или дрвокрадците, едноставно, дополнително ги намалиле цените на нелегално исечените дрва и овој вид нелегална трговија и натаму си функционира како и досега. Но, дури и веста да не сакала да навлегува толку далеку, дискрепанцијата во бројките, која покажува дека мал број од домаќинствата се снабдил со дрва на легален начин, а „потребните количества за оваа грејна сезона благовремено се испорачани“, покажува дека нешто не е во ред или дека, барем, нешто се случува во трговијата со дрва за огрев за што не занеме, а и оваа вест не ни помага да дознаеме.

Да се разбереме: никој не бара веста да се претвори во анализа за состојбите во индустријата на огрев или во истражувачка сторија за оваа тема, ако тоа не била целта и ако единствено што се сакало да се направи е вест. Што и би било логично, зашто таква тема многу полесно би се изработила од Скопје. Но, не значи дека веста може да биде незаокружена и да отвора повеќе прашања отколку што имало пред таа да се прочита. Со две-три дополнителни реченици или дообјаснувања, веројатно дилемите можеле да бидат решени.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија (агенциска вест)

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

несензационален

несоодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

квалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести