verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Исполитизирано толкување на бројки со недозволени отстапувања

on 24 - 11 - 2015       

sdsm-opozicija-joksimovski-09876-0980-fb

 

[Рецензија: Рејтинзите на Груевски, Обама и Меркел во своите држави се слични]

 

Спинувачко, непрецизно, недоследно четиво. Задачата на овој материјал е повеќе од јасна: да ја искористи последната анкета на ИРИ, преку неа да го засилува рејтингот на лидерот на владејачката партија и воедно премиер на земјава, да направи конфузија кај јавноста околу бројките во истражувањето, да создаде впечаток на непобедливост на власта и поддршката за Груевски во Македонија да ја стави рамо до рамо со онаа на Меркел во Германија. Навистина, се претера.

аааааЛинк до оригиналниот напис: Рејтинзите на Груевски, Обама и Меркел во своите држави се слични

Датум и време на објавување: 20.11.2015 11:44

Датум на рецензирање: 22.11.2015

Рецензент: Владимир Мирчески

 

35 ОТСТО ЗА ГРУЕВСКИ И 49 ОТСТО ЗА МЕРКЕЛ БИЛЕ СЛИЧНИ РЕЈТИНЗИ? 

Јас би го нарекол сериозен новинарски прекршок „чепкањето“ на бројките од истражувањата за рејтинзите на политичарите или, пак, партиите. Во конкретниот случај имаме обид за „тјунирање“ на последната анкета на Меѓународниот републикански институт – ИРИ и за перфидно билдање на политичкото салдо на Никола Груевски. Никогаш не е едноставно на публиката да ѝ се сублимира и да ѝ се преџвака едно обемно истражување и да ѝ се пласира чисто, онака како што напишано. Е сега, според оваа анкета на ИРИ, од сите испитаници, 52 отсто рекле дека не се за Груевски да добие нов мандат, 35 проценти се изјасниле дека актуелниот премиер добро си ја врши работата за да биде реизбран, а преостанатите 13 отсто од анкетираните одбиле да одговорат или рекле дека не знаат. Во написот се изземат тие 13 проценти неизјаснети и преку множеството од определени се прави сооднос кој вели дека 40 проценти се за Груевски да ја продолжи работата како премиер. Така визуелно се дотерува поддршката за премиерот од реалните 35 на 40 проценти зашто групата од 13 отсто кои не дале одговор воопшто не се зема предвид.

Бројката е јасна, 52 отсто од анкетираните, а примерокот е репрезентативен, или мнозинството, врз основа на тоа како досега ја вршел функцијата не го сакаат Груевски повторно за премиер по априлските избори.

Понатаму се сервира дека во оваа септемвриско-октомвриска анкета на ИРИ стои дека:

„И на прашањето за позитивно – негативно мислење за премиерот, за Груевски поголем дел од граѓаните имаат позитивно, наспроти помалиот број граѓани кои се изјасниле дека имаат негативно мислење.“

Во отворениот дел од анкетата никаде нема прашање за испитаниците да се произнесат позитивно или негативно за Груевски. Тој сегмент најверојатно е во парчето од истражувањето достапно за партиите, а затворено за јавноста. Ако се водиме според информациите во медиумите, за Груевски позитивно се изјасниле 18 отсто. 18 проценти во никој случај не може да се толкува како „поголем дел од граѓаните“. Да, Груевски, според ИРИ, има подобар рејтинг од Заев, ама тој изнесува 18 отсто. Ете го моментот на билдање на позицијата на премиерот, ама преку манипулација.

Кога се работи со бројки од политички анализи за мислењето на грѓаните, недозволиви се отстапувања од реалната ситуација. Токму тоа се забележува во делот кај споредбата со германската канцеларка. Имено, истражувањето на „Дојчланд тренд“ (DeutchlandTrend), на кое се повикува текстот, покажува дека ситуацијата со рејтингот на Ангела Меркел е изедначен, односно 49 отсто од испитаниците се задоволни од нејзината работа, а 49 отсто се незадоволни. Во написот се тврди дека соодносот е 52 наспроти 48, а тоа не е така. Но, и 49 проценти Германци за Меркел се каде-каде повеќе од 35 отсто Македонци за Груевски. Така што, насловната конструкција дека рејтинзите на Груевски и на Меркел во своите држави се слични ама баш ич „не држи вода“.

Интересен е и коментарот:

„Рејтинзите на Груевски, Обама и Меркел во своите држави се слични. Прашање е колкави пак би биле рејтинзите на Обама и Меркел, па дури и на Путин, доколку нивните противници пет месеци непречено им објавуваат приватни телефонски разговори по свој избор и сечени по нивни потреби.“

На ова би одговорил: А замислете какви би биле рејтинзите на Обама и на Меркел ако биле фатени со таков огромен скандал на масовно нелегално прислушување како во Македонија што го призна и меѓународната заедница?!

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

делумно точни

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

нејасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

квалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести