verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Исцрпен извештај за штрајкот на машиновозачите, но испуштен важен податок

on 12 - 02 - 2020       

[Рецензија: Блокада на железничкиот сообраќај, машиновозачите бараат 30 отсто надомест на плата]

Во овој извештај за штрајкот на машиновозачите од „Македонските железници“ можеме да дознаеме кои се нивните барања, но не и основното – колкави се нивните сегашни плати платите на незадоволните. Ова е многу важен податок, кој на читателот ќе му помогне да изгради став за оправданоста на барањата на машиновозачите.

Линк до оригиналниот напис: Блокада на железничкиот сообраќај, машиновозачите бараат 30 отсто надомест на плата

Датум и време на објавување:  04.02.2020 во 17:39

Датум на рецензија: 09.02.3030

Рецензент: Љубомир Костовски

Свесно или не новинарските написи лесно може да се претворат во текстови кои на еден суптилен начин се ставаат на една или друга страна во ситуациите на општствени конфликти. Таков е случајот и со неодамна завршениот прекин на работата на машинвозачите во траење од пет дена, а кој се должеше на барање за зголемување на платите.

Во овој прилог (како и во други), многу лесно дознаваме што бараат машиновозачите, ама никако да видиме колкава е платата на истите. Овој прилог навистина ги покрива, односно ги пренесува ставовите на сите засегнати страни. Така, во него ќе дознаеме колкаво појкажување бараат штрајкувачите, па дури и дека нивни колеги се подготвуваат да заминат на работа во Германија.

Се вели дека е побаран и став од директорот на МЖ „Транспорт“ Орхан Муртезани, кој не сакал да даде изјава пред камера, но во писмено соопштение трвди дека штрајкот бил незаконски зашто не биле запазени процедурите.

Исто така, дознаваме и дека раководството одржало повеќе состаноци со синдикатот, каде што им било укажано дека за нивните барања нема пари, како и дека платите на машиновозачите во декември биле зголемени за 5%, што ги прави повисоки од оние на инженерите во железницата.

Го има и ставот на ресорниот министер Горан Сугарески, кој апелирал машиновозачите да продолжат со работа. Но, не, како што вели, по цена на уцени и нарушување и штета на работењето.

Од написот дознаваме и дека МЖ „има неплатен долг од фантастични 53 милиони евра, а годинава ќе стасаат за плаќање уште нови 8 милиони“, а се вели и дека „граѓаните се жалат на ладните возови, кои поради дефекти не работат во полна пареа. Два од новите кинески воза веќе се паркирани, поради дефекти.“

Значи, извештајот ги содржи сите неопходни информации и ги цитира сите засеганти страни, освен колкави се сегашните плати на машиновозачите. Според официјалното соопштение на МЖ, кое не видовме дека се пренесува од многу медиуми, ЖРСМ Транспорт АД-Скопје ја извести јавноста дека машиновозачите имаат месечни парични примања:

  • за месец октомври 2019 година во износ 44.955,00 денари,
  • месец ноември 2019 година во износ 44.070,00 денари и
  • за месец  декември 2019 година во износ 47.665,00 денари

Овие плати се далеку над македонскиот просек од 25.787 денари (ноември 2019), поточно речиси 85 отсто над просекот. И тие, со оглед на тежната на работата на машиновозачите и треба да бидат толкави. Но, колку е оправдан штрајк за понатамошно зголемување на овие плати граѓаните можат да изградат став, само доколку ги знаат актуелните плати на штрајкувачите.

Изоставувањето на овие податоци може да даде искривена слика за смислата на протестот и за реалната социјална позиција на професијата која штрајкува. Ова може лесно да се сфати и како пристрасност, што може да има политички последици во време пред избори.

Овој напис е преземен од проектот “Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, кој е спроведуван од Фондацијата „Метаморфозис“ и ЕВРОТИНК. Проектот е финансиран од Европската Унија. Ставовите и мислењата изнесени во овој напис не секогаш ги одразуваат оние на ЕУ. Написите од „Критинк“ се слободни за преземање со наведување на изворот и без измени и кратења.

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

Претплатете се за најнови вести