verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Информативен и сеопфатен текст

on 20 - 02 - 2017       

utrinski

[Рецензија: Оштетената гасоводна цевка можеше да однесе половина Скопје]

 

Овој текст заслужува позитивна рецензија бидејќи е напишан според сите новинарски стандарди. Написот е информативен и професионално сработен, користени се повеќе извори што укажува дека се имало сеопфатен пристап.

Оштетената гасоводна цевка можеше да однесе половина СкопјеЛинк до оригиналниот напис: Оштетената гасоводна цевка можеше да однесе половина Скопје

Датум и време на објавување: 14.02.2017

Датум на рецензирање: 17.02.2017

Рецензент: Ана Анастасовска

 

 

ПРОФЕСИОНАЛЕН ПРИСТАП

Во време кога сè почесто се сретнуваме со пропагандистички написи, професионално изработени текстови се вистинска реткост. Еден таков коректно сработен материјал е написот што го рецензираме. Текстот во воведот ја содржи веста која подолу ја обработува, а тоа е дека „голема хаварија настанала во Скопје кога при изведување градежни работи била оштетена гасоводна цевка во близина на мостот Близнак“.

Веднаш потоа е дадено објаснување зошто оваа вест е интересна за јавноста.

„За среќа, беше избегната голема трагедија. Сведоци на случката тврдат дека од ослободениот гас можело да настане хаварија од немерени размери, бидејќи само едно догорче можело да го крене во воздух целиот тој индустриски дел на главниот град“.

Тука најпрво ги има изјавите на сведоците кои се спомнуваат во текстот, а кои се главниот извор на информацијата. Тие објаснуваат што точно се случило за читателот да има појасна слика.

„Со вертикална бушилица вршеа ископини за отпорност на темели и при тие зафати некаде напладне ја оштетија главната гасоводна цевка на ГАМА. Целиот тој реон веднаш беше затворен, беа повикани претставници на ГАМА, а полицијата го блокираше местото и никому не беше дозволен пристап, велат очевидци“.

Откако ја имаме веста и нејзиниот извор, подолу во написот таа е проверена од повеќе страни, бидејќи и самиот Кодекс на новинари тоа го пропишува уште во првиот член.

„Оштетената гасоводна цевка можеше да однесе половина Скопје. Штетата настана поради невнимание на изведувачот на градежни зафати, фирмата ’Жикол‘. Оваа фирма неовластено влезе да гради на земјиште кое е имот на фирмата ’Конопој кај чичо‘ ДОЕЛ. И изведува градежни активности без никаква најава и на туѓ плац“, вели Јован Јовановски, адвокат и полномошник на фирмата „Конопој кај чичо“ ДОЕЛ“.

Од изјавата на Јовановски произлегува дека фирмата „Жикол“, која била изведувач на градежните зафати, неовластено влегла на имот на друга фирма. Ваквото тврдење и обвинување е проверено на неколку места. Во текстот има изјава од општината на чија територија настанал проблемот, а има изјава и од АД ГАМА. Во текстот недостига ставот на фирмата „Жикол“, но јасно е наведено дека „од Жикол вчера беа недостапни за каков било коментар во врска со незгодата што ја предизвикаа при изведбата на градежните зафати“.

Сè на сè, текстот е убаво напишан, информативен  и сеопфатен.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, неофицијални

релевантни

повеќе извори

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

сеопфатнo

нема прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

целосно прикажува вистина

нема извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

балансираност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

креативен

несензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести