verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Информација без извори и без докази е „трач“, но не и вест

on 28 - 11 - 2016       

centarnews-za-napad-na-ivica-konevski

 

[Рецензија: ЕКСКЛУЗИВНО: ИВИЦА КОНЕВСКИ НАПАДНАТ ВО ЛИСИЧЕ ОД СВОИТЕ!]

 

Написот повеќе наликува на чаршиски муабет отколку на сериозен новинарски текст, имајќи предвид дека изнесените податоци не се поткрепени. Нема наведено извори ниту, пак, изјави од очевидци или од владејачката партија и од градоначалникот на општина Аеродром, Ивица Коневски.

 

ekskluzivno-ivica-konevski-napadnat-vo-lisiche-od-svoiteЛинк до оригиналниот напис: ЕКСКЛУЗИВНО: ИВИЦА КОНЕВСКИ НАПАДНАТ ВО ЛИСИЧЕ ОД СВОИТЕ! 

Датум и време на објавување: 22.11. 2016

Датум на рецензирање: 25. 08. 2016

Рецензент: Димитар Тануров

 

СЕНЗАЦИЈА НАСЕКАДЕ, А ПОТВРДА НЕМА

„Вистинска драма се случувала во населбата Лисиче каде за влакно се спасил залижаниот градоначалник Ивица Коневски.

Според информациите, пред три дена членството на ВМРО-ДПМНЕ од Лисиче на средбата со Ивица Коневски вербално го нападнале бидејќи се крајно незадоволни од односот на општинската и централната власт“.

Насловот на текстот најавува ексклузивна вест, која, според формулацијата, изгледа сензационалистички. И текстот продолжува во тој манир, но без да се понудат новинарски издржани аргументи.

Главата на веста е сензационалистички конципирана за да привлече поголем број читатели, но во неа никаде не се наведува изворот на информацијата. Според новинарските стандарди, при информирање за настан на кој новинарот не бил сведок, мора да се наведе изворот на информацијата. Во случаите кога изворот не сака да биде идентификуван со име и со презиме, се користи барем приближно лоцирање, на пример: „дознаваме од извори блиски до партијата, „полицијата“ и слично. Ако информацијата е добиена од сведоци, тогаш и тоа се наведува.

 

НИТУ ЕДНА ИЗЈАВА КАКО ПОТКРЕПА

Во написот нема ниту една изјава што би ја поткрепила веста – ниту од сведоци ниту, пак, е побарана потврда на информацијата од партијата или од градоначалникот на Аеродром, Ивица Коневски, а не е проверено ни дали настанот, евентуално, е пријавен во полиција. Сепак, според конципираноста на веста, таа информира за напад на службено лице, што е казниво со закон.

Вака поставената вест, не ги исполнува професионалните новинарски стандарди, бидејќи е еднострана, пласира непроверени информации, што е и спротивно на тоа што го налага Кодексот на новинари:

Член 1.
Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи. Доколку информацијата не може да се потврди или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави. Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно.

Покрај тоа, нема информација дека при подготовката на текстот имало проблеми да се добие потврда.

Член 2.
Ако новинарот е спречен да дојде до бараната информација, има право за тоа да ја информира јавноста.

Според стилот – уфрлена е и фризурата на Коневски, ова во поголема мерка е коментар отколку вест, иако написот е така претставен.

Член 13
Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот.

Разграничувањето на жанровите е особено важно кога станува збор за политичкиот живот.

Член 14.
Известувањето од политичките процеси, особено од изборите треба да биде непристрасно и избалансирано. Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

стилски уреден

неповрзан со тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести