verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

И официјално неслободни во очите на меѓународната заедница

on 4 - 05 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански
Бангладеж, Бурунди, Јемен и Жимбаве - нашето друштво во рангирањето на медиумските слободи на „Фридом Хаус“. Фото: flickr

Бангладеш, Бурунди, Јемен и Зимбабве – нашето друштво во рангирањето на медиумските слободи на „Фридом хаус“. Фото: flickr

Секој ден, партијата на власт, врз основа на само нејзе познати критериуми, мереше колку секунди телевизиите употребувале за „извртување на тезите на ВМРО-ДПМНЕ“ и за „величање на тезите на СДСМ“ и сето тоа во моменти кога Западот ја прогласи земјава за неслободна tbcredit.ru. Ова срамно рангирање на ВМРО-ДПМНЕ ќе остане сведок за срамниот период во кој државата ја направија неслободна, а функционерите на партијата, оние идните, се разбира, уште долго во иднината ќе мора да ги објаснуваат уредно архивираните соопштенија и нивната улога во таа безрбетна операција.

 

Пишува: Сеад Ризвановиќ

Кога тезата што ја повторувате со години, на крајот добива и официјална потврда, може да се каже дека во целата мака се јавува и грам добро чувство. Американската „Фридом хаус“ по годините на претпазливи и „срамежливи“ извештаи, конечно ја смести слободата во Македонија на местотото каде моментално припаѓа. На листата од 199 земји во светот, Македонија се наоѓа на 136. место, што претставува пад од четири места. Според извештајот на „Фридом хаус“, земјава од групата на делумно слободни земји паднала во групата на неслободни земји.

Така е, и официјално во очите на меѓународната заедница ние сме неслободни, заробени во прангите на група властодршци, која ја има киднапирано и она малку демократија што ја имавме од осамостојувањето. Поразително е што во цела Европа, само Македонија заедно со Турција, Белорусија и со Русија се наоѓа во групата на неслободни земји, додека на глобално ниво земјава е во друштво со Бангладеш, Бурунди, Јемен и на Зимбабве.

Она што е јасно е дека никакви теории на заговор, никакви глупави спинови за влијанието на Сорос или на СДСМ врз овие меѓународни извештаи веќе не може да го оправда фактот, што ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ успеаја за десет години земјава да ја довлечкаат до ранг на азијатска автократија или африканско-латино-американска диктатура.

Но, освен граѓаните кои се водат од лукративни лични интереси и не сакаат да ја видат големата слика, за целата состојба е виновна и меѓународната заедница, која со години ги аминува сите уништувања на слободата во земјава. Нотирањето во извештаите едноставно не е доволно, бидејќи се работи за земја кандидат за Европската Унија и земја која безмалку е примена во НАТО. Унијата мораше многу порано да реагира, да ги прекине шарадите со повторувањето на препораката за почеток на преговорите за Македонија и јасно да каже дека не сака да има никаков удел во упропастувањето на иднината на македонските граѓани.

ОД МЕДИУМИ ВО ПРОПАГАНДНИ ПАМФЛЕТИ

ЕУ и САД реагираат сега, преку извештајот на Прибе, и преку Договорот од Пржино. Можеби не е доцна, но во секој случај се работи за изгубено време кое никој од нас не може да го врати. Но, санкции за политичарите и за парите што ги добива власта гладна за кредити, мораше да има и за затворањето на медиумската империја на Велија Рамковски, казни мораше да се случат и при низата преземања на медиуми со годиниве и нивно претворање во пропагандни памфлети на власта. Нотирањата за политички затвореници среде Европа, задушувањето на основните човекови права и слободи низ годиниве мораа да се ефектуираат во силен притисок врз двоецот Груевски – Ахмети, така меѓународната заедница ќе го превенираше пожарот што сега сака да го изгасне, но овојпат огнената стихија се заканува да се прошири и врз целиот регион, што ја покажува и докажува краткогледата стратегија на Вашингтон и на Брисел, која сè почесто завршува со катастрофа.

Во пресрет на излегувањето на извештајот на „Фридом хаус“, владејачката ВМРО-ДПМНЕ речиси секојдневно правеше извештаи за нивниот „надзор“ врз телевизиите „24 Вести“ и „Телма“, како и врз неколку портали. Секој ден, партијата на власт, врз основа на само нејзе познати критериуми, мереше колку секунди телевизиите употребувале за „извртување на тезите на ВМРО-ДПМНЕ“ и за „величање на тезите на СДСМ“ и сето тоа во моменти кога Западот ја прогласи земјава за неслободна. Ова срамно рангирање на ВМРО-ДПМНЕ ќе остане сведок за срамниот период во кој државата ја направија неслободна, а функционерите на партијата, оние идните, се разбира, уште долго во иднината ќе мора да ги објаснуваат уредно архивираните соопштенија и нивната улога во таа безрбетна операција.

Крајно сомнителната смрт на Коста Крпач, еден од лицата кои се аболирани од претседателот Иванов, но и кој имал удел во провладиниот портал „Нетпрес“, е уште еден дел од мозаикот на неслободата што се гради во државата. Иванов, кој и досега се наоѓаше под невиден притисок за повлекување на аболицијата за сопартијците, сега мора да се соочи и со смрт на човек кој е дел од неговата листа. Можеби смртта на Крпач и нема врска со аболицијата на Иванов, но дефинитивно има врска соопштението на Специјалното јавно обвинителство во кое се вели дека Крпач се јавил доброволно да сведочи за обвинителството и дека ним не им е јасно како Крпач се нашол на списокот на Иванов, бидејќи против него не се водела истражна постапка, туку тој бил сведок.

НЕВЕРОЈАТНА СПОСОБНОСТ ЗА НЕОДГОВОРНОСТ ИЛИ ЃОН-ОБРАЗ

Кога ги слушам спиновите на провладините труби и на самите претставници на власта во однос на слободата на медиумите и на слободата на граѓаните, во кои се употребуваат апсурдни аргументи за бројот на медиуми во Македонија или се поставува прашањето како во неслободна земја можам да пишувам вакви колумни, ми се наметнува уште едно прашање.

Како можеа претставниците на власта да останат ладнокрвни пред народот и пред меѓународната заедница по објавувањето на опозициските „бомби“? Можеби со тек на време отрпнавме на овој начин на однесување, па нетранспарентноста и недоговорноста ни станаа вообичаена работа, но не можам да се замислам во таква ситуација.

Да те фати некој „жив“ како крадеш избори, купуваш плацови, земаш провизии, местиш судии, влијаеш врз медиуми, затвараш и мачиш луѓе, признаваш дека водиш лудачка и криминална политика и по сето тоа да излезеш како ништо да не се случило и пред целиот свет да повторуваш како „опозицијата не смее да излезе на избори“, а ти сакаш да „продолжиш си реформите“, мора да имаш поголем проблем отколку ѓон-образ. Очигледно е дека се работи за посебна психичка структура во која не постои ни најмало место за совест, етика или морал. Јас не сум психијатар, но верувам дека постои точна дефиниција за оваа безочна криминална психологија.


Оваа колумна е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Колумната e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на колумната е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

Претплатете се за најнови вести