И обвинител, и судија!
Објавено во Рецензии
on 1 - 02 - 2016 Автор: Димитар Тануров[ВИДЕО: Патологија на лажење на опозицискиот лидер]
Коментаторски напис кој има цел да ги дискредитира најголемата опозициска партија и нејзиниот лидер. Во него не се даваат нови податоци ниту, пак, се пренесува став од партијата за критиките што се испорачани на нејзината адреса.
Линк до оригиналниот напис: ВИДЕО: Патологија на лажење на опозицискиот лидер
Датум и време на објавување: 26.01.2016, 12:57
Датум на рецензирање: 29.01.2016
Рецензент: Димитар Тануров
НАВРЕДЛИВ ТОН
„Дека СДСМ е партија која се служи со лаги и манипулации од најдолен вид не е ништо ново за македонските граѓани. Тие тоа го покажуваат во секој изборен процес покажувајќи и на опозицијата дека со лаги не се доаѓа на власт.“
Новинарскиот напис почнува со коментар, кој не е поткрепен со факти ниту, пак, во него се даваат нови податоци. Во рамки на текстот е објавена видеоснимка со изјава на лидерот на опозицијата, за скандалот со фалсификуваните пасоши, но истовремено се прикажани и фотографии од лицата кои се осомничени за аферата. Текстот, во комбинација со ваков видеозапис, има цел да го инкриминира политичкиот лидер, алудирајќи дека тој и неговата партија стојат зад аферата. Самиот наслов, пак, е навредлив и му дава таков тон на целиот мтеријал.
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во неколку телевизиски излагања не негираше дека имал контакти со осомничените. Во едно телевизиско интервју тој, меѓу другото, рече дека и поранешниот премиер и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ „Никола Груевски е осомничено лице, криминалец, па седнав на иста маса со него“.
Аферата со фалсификуваните пасоши, сè уште не е ниту стигната до судските инстанци, односно сè уште не се утврдени сите осомничени. Текстот е наведувачки и на моменти наликува како излагање на обвинителство, кое се обидува да ја убеди „поротата“, во случајот читателите, дека Заев и СДСМ се виновни. Ваквиот начин на информирање е спротивен на новинарските стандарди и воедно значи непочитување на презумцијата на невиност, односно дека лицето се смета за невино сè додека судот не го докаже спротивното.
Текстовите што не се темелат на факти и што коментираат, наместо да информираат, имаат цел да го збунат читателот и да му наметнат свој став, кој во конкретниот случај кореспондира со ставот на власта.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
делумно
точни наводи
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални
релевантни
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
нема
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
солидни мултимедијални елементи
има контекстуални линкови
делумно стилски уреден
поврзан со тагови