verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Хипотетичка информација за пропаганда против Ердоган

on 24 - 12 - 2019       

Известувањето за природни несреќи, покрај тоа што треба да содржи проверени информации (како и за секое друго известување), мора да се заснова на реални ситуации, а не на измислени. Написот што ќе го разгледаме претпоставува за хипотетичка ситуација, која во суштина е само пропаганда против турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

 

Realiteti24: Nese termeti kish ndodh ne Serbi, tashme ceku 50 milionesh i kishte shku Vucicit te dera prej Erdoganit!

Реалност24:Доколку земјотресот би се случил во Србија, чек од 50 милиони од Ердоган би му се доставил на Вучиќ пред врата!

Линк до оригиналниот натпис: „Доколку земјотресот би се случил во Србија, чек од 50 милиони од Ердоган би му се доставил на Вучиќ пред врата“  “Nese termeti kish ndodh ne Serbi, tashme ceku 50 milionesh i kishte shku Vucicit te dera prej Erdoganit!”

Датум на објавување: нема датум на објава

Датум на рецензија: 16.12.2019

Рецензира: Фатбарда Цури

Наслов што се занимава со претпоставки

Претпоставката за ситуацијата во врска со земјотресот во Албанија е истакната уште од насловот на статијата. Започнува со „доколку“, доколку земјотресот би се случил во Србија…

„Доколку земјотресот би се случил во Србија, чек од 50 милиони од Ердоган би му се доставил на Вучиќ пред врата!”, се вели во насловот на текстот што го разгледуваме. 

Ова е спротивно на Етичкиот кодекс на новинарите.

“Новинарите мора да прават разлика помеѓу факти и мислења, вести и коментари”, се вели во Етичкиот кодекс на новинарите.

Статус на Фејсбук за пропаганда против Ердоган

Написот исто така не е новинарски, туку Фејсбук статус. Ова е забележано од начинот на кој е напишано. Ова повторно не е нагласено во статијата и стои во категоријата вести.

Медиумот преку овој напис се обидел да пропагира против Ердоган. Ова може да се забележи и во коментарот содржан во написот.

„Многу мала инвестиција во споредба со Албанците кои живеат таму, каде се претпоставува дека се асимилирани 30 милиони Албанци во Турција, околу 1/3 од тамошното население”, се вели во написот што го разгледуваме.

Според Прирачникот на КриТинк, пропагандата се користи за да се влијае на размислувањето на луѓето, во овој случај да се создаде мислење во јавноста дека Ердоган требало да ја даде помошта, дури и да не се случеше во Албанија.

„Информацијата или информативните пакети што не се објективни и се користат за да влијаат врз размислувањето или однесувањето на луѓето во исполнувањето на агендата (политичка, корпоративна, итн.). Пропагандата обично користи емотивна, отколку рационална порака. Постојат многу видови на пропаганда, но обично се дели на политичка, религиозна и комерцијална.”, се вели во Прирачникот на КриТинк.

За читателите: Дури и статусите на Фејсбук треба да се проверат

Без оглед на тоа колку е релевантен или не е статусот на Фејсбук на кој било функционер или јавно лице, доколку медиумите одлучат да ги објават како информација, прво мора да ги прилагодат во форма на новинарски напис и да ги потврдат истите. Медиумот за кого зборуваме не го сторило тоа, па затоа ве дезинформирале. Со тоа, се обидела да вродат кај вас чувства против Ердоган.

Овој напис е преземен од проектот “Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, кој е спроведуван од Фондацијата „Метаморфозис“ и ЕВРОТИНК. Проектот е финансиран од Европската Унија. Ставовите и мислењата изнесени во овој напис не секогаш ги одразуваат оние на ЕУ. Написите од „Критинк“ се слободни за преземање со наведување на изворот и без измени и кратења.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

сеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

целосно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

креативен

сензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

говор на омраза

потикнува на насилство

дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

има контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести