verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Ханта вирусот не е нов, постои од 1950 година

on 27 - 03 - 2020       

[Рецензија: Нов вирус во Кина? Има ли светот причина за загриженост?]

Насловот на текстот што го рецензираме дезинформира и шири паника, бидејќи имплицира појава на нов вирус за кој светот треба да е загрижен. Понатаму, во истиот текст се демантира тврдењето во насловот дека вирусот е нов, и пишува дека за првпат се појавил во педесеттите години на 20. век, за време на американско-корејската војна, во регионот Ханта.

Линк до оригиналниот напис: Нов вирус во Кина? Има ли светот причина за загриженост?

Датум и време на објавување: 25.3.2020, 18:01

Датум на рецензија: 27.3.2020

Рецензент: Силвана Жежова

Кинеските медиуми пренесуваат дека засега неидентификуваниот маж е позитивен на „ханта“ вирус и оти останатите 32 патници биле веднаш изолирани и тестирани, но не наведува други детали.

Она што е познато за ханта вирусот е што тој ретко се пренесува од човек на човек, туку од глодар на човек, односно преку течност на заболен глодар. Патниците биле изолирани и тестирани, поради сомнежот дека корона вирусот можеби е причина за влошувањето на здравствената состојба на патникот, а не поради опасноста од пренесување на ханта вирусот. Овој вирус за првпат се појавил во 1950 година. Во твитот, кој е пренесен во текстот што го рецензираме, а се повикува на текст на „Глобал тајмс“, има реакции од читатели кои пишуваат за потеклото на вирусот и дека не станува збор за ништо ново.

Имајќи ја предвид пандемијата со коронавирусот со која светот се соочува, треба да се внимава што се плаисра, вклучително и при превод на текстови од странски медиуми. По налетот на коронавирусот, државите се обидуваат да ги одржат нивните здравствени системи стабилни, и прашање е колку се подготвени да се соочат со нов опасен вирус. Оттука, најмалку што треба се ваков тип на дезинформации и ширење паника.

Насловите на текстовите треба да произлегуваат од нивната содржина, што не е случај со овој текст. Тој е во спротивност со напишаното во содржинскиот дел и доколку читателот го причита само насловот ќе биде дезинформиран, бидејќи тврдењето дека вирусот е нов, се побива во самиот текст.

Ширењето на паника и лажни вести не е потребно во ниту една вонредна состојба, а најмалку денес, бидејќи борбата е со вирус кој по својата агресивност одзема илјадници човечки животи. Оттука, несериозно и непрофесионално е да се шпекулира со појава на нов вирус,  во ситуација кога светот се бори со коронавирусот.

Овој напис е дел од специјалното известување на „Критинк“ за дезинформациите поврзани со епидемијата на корона-вирусот Ковид-19. Кликнете на линкот за најнови вести и проверени информации од оваа област.

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести